Нови детали за обидот за пуч во Германија, меѓу уапсените е и готвачка ѕвезда

Познати се нови детали за обидот на екстремните десничари да извршат државен удар во Германија. Меѓу уапсените има и лица добро познати на домашната јавност.

Уапсена е и готвачка ѕвезда од Минхен, Франк Хепнер, чија ќерка е девојка на австрискиот фудбалер на Реал Мадрид, Дејвид Алаба. Покрај него, уапсен е и поранешниот полицаец Михаел Фрич, кој бил ангажиран да ја штити еврејската заедница од терористички напади.

Хепнер беше уапсен на 7 декември во хотел со пет ѕвезди во австрискиот ски-центар Кицбил каде што работел. Тој, наводно, бил член на командниот штаб на воениот огранок на екстремно десничарската група Рајхсбиргер (Reichsbürger - Граѓани на Рајхот), која владата ја означи како терористичка.

Се тврди дека тој бил задолжен за регрутирање нови членови, набавка на оружје и друга опрема и изградба на комуникациска и ИТ инфраструктура. Покрај тоа, се верува дека бил задолжен за обезбедување оброци за членовите на т.н. Нова германска војска.

Австрискиот весник Die Presse, повикувајќи се на тврдењата на истражителите, објави дека 62-годишниот Хепнер требало да биде личен готвач на Хајнрих XIII, принцот кој бил поставен како крал на самопрогласеното Германско Кралство. Според истражителите, Хепнер обезбедил пари, материјали за готвење, кампер и генератор за итни потреби.

Неговата 28-годишна ќерка Шалимар со фудбалерот Алаба, кој е австриски репрезентативец, има син кој се роди во 2019 година. Алаба не одговори на прашањата на австриските новинари, а германските новинари исто така побараа коментар.

Поранешниот полицаец Михаел Фрич беше уапсен со партнерката Мелани Ритер во близина на Ханофер. 58-годишникот беше суспендиран во 2020 година, откако присуствуваше на протести на оние кои веруваат дека коронавирусот не постои. Беше кандидат за пратеник на партијата ДиБазис (DieBasis), која произлезе од движењето Куерденкер (Querdenker). Ова движење го негира постоењето на коронавирусот. Фрич ја обжали суспензијата, која сѐ уште не е решена.

Екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија (Alternative für Deutschland) се огради од поранешната членка Биргит Малсак-Винкеман, судијка која исто така беше уапсена на 7 декември во нејзиниот дом во западниот дел на Берлин. Се тврди дека таа била меѓу клучните луѓе кои го планирале пучот и дека била наменета да биде министерка за правда по пучот.

Малсак-Винкеман, која исто така била парламентарка, наводно му дала на воениот огранок на Рајхсбиргер важни логистички информации за тоа како да се влезе во Рајхстагот, зградата на парламентот.

Весникот Der Spiegel објави дека меѓу запленетите предмети има пиштоли од 9 милиметри, мечеви, ножеви, шок-пиштоли, шлемови, опрема за ноќно гледање и полициско оружје.

Левичарскиот весник Die Tageszeitung објави дека истражителите пронашле список од 18 лица со нивните адреси, истакнати политичари и новинари кои биле цел на Рајхсбиргер. Меѓу другите, на таа листа се и министерката за надворешни работи Аналена Баербок, шест парламентарци и тројца телевизиски новинари, пренесува весникот Guardian.

Тоа е најголемата полициска операција против германската екстремна десница досега. 3.000 полицајци беа ангажирани во претреси и апсења на 150 локации низ Германија и Австрија. Уапсени се 25 лица, меѓу кои и Хајнрих XIII, а бројот на осомничените до вчера, 9 декември, се искачи на 54, а се очекува тој да биде поголем. На 50 локации е пронајдено оружје.

Идеологијата на Рајхсбиргер имплицира дека модерната германска држава нема легитимитет, а нејзините следбеници имале намера да апсат пратеници, да ја соборат владата и да воспостават режим на чело со Хајнрих XIII.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Свет

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе