Новинарката Аманпур се извини што ја спореди ерата на Трамп со Кристална ноќ

МИА/КАЈГАНА
/ 17.11.2020 / 17:06

Водителката на CNN Кристијана Аманпур се извини откако во нејзина емисија го спореди мандатот на американскиот претседател Доналд Трамп со нацистичкиот погром на Кристална ноќ.

Таа минатата недела изјави дека нападите на претседателот Трамп се напади врз историјата, фактите, знаењето и вистината, како што тоа бил геноцидот врз Евреите.

„Не требаше да правам споредби. Хитлер и неговите злосторства секако имаат посебно место во историјата. Жал ми е за секоја болка предизвикана од мојата изјава“, посочи Анампур.

URL

Таа на почетокот од емисијата за настаните во светот на 12 ноември изјави дека поминале 82 години од Кристалната ноќ, која доведе до геноцид против еден цел идентитет. Аманпур потсети на палењето на книгите, истакнувајќи дека тоа водело до напад врз „фактите, историјата и вистината“.

Израелски официјални претставници ја осудија таквата споредба, истакнувајќи оти тоа е навреда на сеќавањата на холокаустот и побараа извинување.

URL

Израелската министерка за дијаспора Омер Јанкелевич наведе дека американската телевизиска мрежа треба да биде „партнер во глобалните напори за борба против антисемитизмот, а не да дотура масло на огнот“.

„Искористувањето на сеќавањето на холокаустот за евтини наслови или политички цели е загрижувачко и е искривување на историјата и на моралната вистина“, посочи Јанкелевич.

URL
реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Read more

Свет

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Read more

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Read more

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Read more

Путин: Подготвени сме за разговор со Западот, но без ароганција и сила

Read more
 

Вести

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Читај повеќе

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Читај повеќе

Самостојна изложба на Камуран Горанци, Код 4

Читај повеќе

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Читај повеќе

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Читај повеќе

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Читај повеќе

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Читај повеќе

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Читај повеќе

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе