Новиот изглед на Сантјаго Бернабеу вреден 575 милиони евра остава без здив

Реал Мадрид објави видео од реконструираниот стадион „Сантјаго Бернабеу“ и покажа како изгледа по инвестицијата од 575 милиони евра. Слободно може да се каже - најмодерниот стадион во светот.

Кралскиот клуб ја започна реконструкцијата на својот стадион во 2019 година, а целта беше „Сантјаго Бернабеу“, кога сѐ ќе биде завршено, да стане модерно здание.

URL

И иако реконструктивните работи доцнеа, Реал на социјалните мрежи пред натпреварот против Хетафе се пофали дека целата работа е завршена и со снимки од дрон покажа како изгледа новиот стадион. Има нов покрив, нова надворешност на стадионот и нов терен.

Прикажана е одличната архитектура на стадионот кој сега има футуристички изглед, а навивачите на Кралскиот клуб не се премногу разочарани што рокот за изградба и завршување на работите е продолжен за една година. Секако, работите на стадионот не се целосно завршени.

URL

„Сантјаго Бернабеу“ доби подвижен терен кој ќе овозможи негово отстранување кога не се играат фудбалски натпревари и приспособување за други намени, како кошаркарски натпревари во Евролигата, одржување концерти и слично. И сето тоа за неколку дена.

URL

„Ова е спектакуларна атмосфера, има нешто ново на нашиот стадион. Мислам дека навивачите ни помогнаа многу денес, а помогна и оваа малку позатворена атмосфера. Можеше да почувствувате дека навивачите им помогнаа на играчите и тоа ќе биде многу важно за иднината“, изјави Анчелоти по натпреварот.

URL

Потсетуваме, Реал Мадрид направи пресврт и победи против Хетафе благодарение на голот на Џуд Белингам во судиското надополнување и со максимални четири победи остана прв на табелата во шпанската Ла Лига.

URL
Тагови
реклама
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Фудбал

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Read more

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе