Новитет од „Калашников“: Ова е Zala

ZALA AERO GROUP - Беспилотные Системы, која е дел од компанијата „Калашников концерн“, го претстави новиот дрон-конвертоплан Zala VTOL на воената изложба IDEKS-2021 во Абу Даби.

Дронот може да се користи за следење, но и како дел од операциите за спасување.

„Новиот беспилотен комплекс има уреди од авионски тип, со крила што може да се заменат. Во еден случај, се користи обичното крило за класично лансирање на уредот од катапулт, а во друг случај, крилото на дронот е опремено со дополнителни кабли со четири хоризонтално распоредени пропели, што му овозможува на Zala VTOL да изврши вертикално полетување и слетување и го прави хибрид од авион и хеликоптер“, велат од прес-службата на компанијата.

Конверзијата на беспилотниот авион во хибрид со промена на крилата се врши во рок од неколку минути, наведува компанијата „Калашников“, додавајќи дека новиот беспилотен комплекс може да се користи за воздушно следење, на пример, за време на мониторинг на енергетски комплекс, исто така како за време на операциите за пребарување и спасување.

Уредот е опремен со компјутер со елементи на вештачка интелигенција, што му овозможува да обработува фотографии и видеа, инфрацрвени слики и други параметри пред крајот на летот.

Remote video URL

Беспилотното летало може да има различни додатоци, вклучувајќи фотоапарати и видеокамери, монитор за температура, комбинирани системи за телетермално снимање, анализатори на гас и дозиметри, ласери и многу повеќе. Дронот има уред за автоматско следење на движењето на предметите.

Во традиционалната верзија, Zala VTOL може да лета четири часа, по што слетува со падобран. Мекото слетување на беспилотното летало го овозможува перничето што се надувува под трупот на леталото. Во верзијата со дополнителни мотори, Zala VTOL може да полета и вертикално да слета во целосно автоматски режим, што овозможува ефикасно користење на уредот во урбани средини, во планински и тешко достапни области, но во тој случај времетраењето на летот се намалува на два часа.

Должината на крилата на Zala VTOL е 2,58 метри, максималната тежина при полетување е 10,5 килограми, а брзината на летот е до 110 км/ч.

реклама

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Три намирници што ги зачепуваат артериите

Read more

Вести

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Read more

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Read more

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Read more

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Read more
 

Гик

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе