Ново истражување менува сè што мислевме дека знаеме за староста на универзумот

Дали универзумот навистина е стар 13,8 милијарди години? Сегашниот математички модел го тврди тоа, но новата студија ја доведува во прашање неговата точност.

Може ли да се разниша начинот на кој научниците го разбираат универзумот? Судејќи според најновата студија објавена во списанието Nature Astronomy, одговорот може да биде потврден, бидејќи најновите набљудувања покажуваат дека староста на нашиот универзум не е 13,8 милијарди години како што се веруваше претходно.

Тековните проценки за староста на универзумот се засноваат на „стандардниот модел на Големата експлозија“, кој опишува рамен универзум во кој доминира не само темната енергија, туку и темната материја, и кон која универзумот се шири со непозната стапка на забрзување.

Иако астрономите го користеа стандардниот модел за многу работи, вклучително и за проценка на староста на универзумот, овој математички модел неодамна почна да покажува некои несовпаѓања со мерењата што научниците ги направија за движењата на различни парови галаксии. Како што тврди новата студија, овие мерења и стандардниот модел едноставно не се совпаѓаат.

Поради таквите резултати, некои научници почнаа да се сомневаат во точноста на стандардниот модел.

Ова, се разбира, не е првпат набљудувањата да го доведуваат во прашање она што го знаеме. Напротив, историјата на науката се заснова на побивање на она што некогаш се верувало дека е вистина и реалност.

За да откријат колку е неточен стандардниот модел во проценката на староста на универзумот, Гуо Ќи и неколку други астрономи заедно проучувале парови на сателити во различни групи на галаксии. Станува збор за мали јата, кои им овозможиле на истражувачите да видат како се движат овие галаксии, но и како се шири универзумот, пишува Space.com.

Всушност, Ќи и неговиот тим отидоа чекор подалеку и се фокусираа на најмасивните галаксии во секоја група, а потоа измерија како сателитските галаксии се движат околу нив. Изненадувачки, астрономите открија дека мал дел од сателитите се движат во спротивна насока во споредба со поголемите галаксии, но и дека нивниот број е поголем од претпоставениот во симулациите.

Ако сателитите штотуку „паднаа“ во орбитата околу поголема галаксија, ова ќе имаше смисла. Сепак, за галаксиите кои се групирани многу подолго, ова покренува многу прашања за моменталната поставка на стандардниот модел, бидејќи бројот на сателити кои се движат во спротивна насока треба да биде помал.

Врз основа на овие наоди, Ќи и неговиот тим велат дека резултатите сугерираат дека универзумот можеби е помлад отколку што претходно се веруваше, но сè уште нема доволно податоци за да се процени точно колку е помлад.

Можеби James Webb и другите вселенски сателити ќе можат да ги обезбедат потребните набљудувања, но, засега, студијата ни остава само интригантна мисла за точноста на сегашниот модел на универзумот.

Студијата A younger Universe implied by satellite pair correlations from SDSS observations of massive galaxy groups беше објавена во Nature Astronomy.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Наука

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Read more

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Read more

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Read more

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Read more
 

Гик

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе