Ново истражување покажа ефикасност од 97,6% на Спутник V

МИА / КАЈГАНА
/ 19.04.2021 / 18:23

Ефикасноста на руската вакцина против коронавирус Спутник V изнесува 97,6 отсто, заснована врз анализа на податоците за процентот на имунизирани Руси, соопштија Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија на Гамалеја и Рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ).

„Вакцината Спутник V покажа ефикасност од 97,6 отсто врз основа на анализата на податоците за степенот на инфекција со коронавирус меѓу оние во Русија, кои се вакцинирани со двете компоненти на Спутник V“, се наведува во соопштението.

Според податоците од 3,8 милиони Руси, вакцинирани со двете компоненти на Спутник V од 5 декември до 31 март, степенот на инфекција, почнувајќи од 35-от ден од датумот на првото инјектирање, е само 0,027 проценти, во споредба со 1,1 процент на инциденца меѓу невакцинираните.

Формулата според која е добиен процентот на ефикасност на вакцината е следнава:

„Податоците и пресметките за ефикасноста на вакцината ќе бидат објавени во медицинските списанија следниот месец“, се додава во соопштението.

Освен во Русија, Спутник V досега е одобрена за користење и во Белорусија, Аргентина, Боливија, Србија, Алжир, Палестина, Венецуела, Парагвај, Туркменистан, Унгарија, ОАЕ, Иран, Гвинеја, Тунис, Ерменија, Мексико, Никарагва, Република Српска (составен дел од Босна и Херцеговина), Либан, Мјанмар, Пакистан, Монголија, Бахреин, Црна Гора, Свети Винцент и Гренадини, Казахстан, Узбекистан, Габон, Сан Марино, Гана, Сирија, Киргистан, Гијана, Египет, Хондурас, Гватемала, Молдавија, Словачка, Ангола, Конго ДР, Џибути, Шри Ланка, Лаос, Ирак, Северна Македонија, Кенија, Мароко, Јордан, Намибија, Азербејџан, Филипини, Камерун, Сејшели, Маврициус, Виетнам, Антигва и Барбуда, Мали, Панама и Индија.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Read more

САД воведоа нови санкции кон Русија

Read more

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе