Ново истражување покажа колку чекори дневно се потребни за да останете здрави

Долго време се веруваше дека 10.000 чекори дневно се „магичната бројка“ потребна за да останете здрави и фит, но новото истражување покажува дека е доволно многу помалку.

Анализата на повеќе од 226.000 луѓе ширум светот покажа дека 4.000 чекори дневно се доволни за да се намали ризикот од рана смрт од која било причина. Нешто повеќе од 2.300 чекори ќе бидат корисни за срцето и крвните садови, а колку повеќе чекори изодите, толку се поголеми позитивните ефекти.

Секои 1.000 дополнителни чекори над основните 4.000 го намалуваат ризикот од рана смрт за 15% сѐ до 20.000 чекори.

Тим од Медицинскиот универзитет во полски Лоѓ и Медицинскиот факултет при Универзитетот „Џон Хопкинс“ во САД откриле дека пешачењето е од корист за сите полови и возрасни групи, без разлика каде живеат, но сепак, пешачењето е најефективно за оние под 60 години.

Професорот Мачеј Банах од Полска рече дека иако се зголемува бројот на напредни лекови за лекување, тие не се единствениот одговор.

„Верувам дека секогаш треба да нагласиме дека промените во животниот стил, вклучително исхраната и вежбањето, кои се главните херои на нашата анализа, можат да бидат подеднакво или уште поефикасни во намалувањето на ризикот од кардиоваскуларни болести и продолжување на животот“, рече Банах.

Светската здравствена организација (СЗО) наведува дека недоволната физичка активност е одговорна за смртта на 3,2 милиони луѓе секоја година и е четврта водечка причина за смрт во светот.

Хани Фајн, личен тренер и инструкторка по финтес, ги издвои проблемите кои се јавуваат поради предолгото седење.

„Седењето може да го забави вашиот метаболизам и да влијае на растот и силата на мускулите, што може да доведе до болка. Предолгото седење може да предизвика и проблеми со грбот, што е чест проблем за луѓето што работат во канцеларии. Нивните грбови постојано се под стрес и притисок, што доведува до многу проблеми подоцна во животот“, рече таа.

Таа ја нагласи и важноста на активностите кои не се вежбање и кои исто така согоруваат калории, бидејќи сѐ што правиме троши енергија, од носење намирници и чистење на домот до прошетка додека зборуваме на телефон.

Пешачењето го намалува крвниот притисок, ги зајакнува мускулите кои ги штитат коските и го зголемува нивото на енергија, а помага и за одржување на телесната тежина ако е пропратено со здрава исхрана. Позитивно влијае и на менталното здравје. Се препорачува на „скоро сите“ бидејќи благо делува на зглобовите и мускулите.

За оние што работат во канцеларии, се препорачува да стануваат и да пешачат секој час. Пешачењето е најдобрата вежба за трудниците. Секој ден се препорачува пешачење по 30 минути.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Здравје

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Read more
 

Магазин

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Читај повеќе
  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе