Ново откритие на James Webb ја разнишува досегашната теорија за создавањето на универзумот

Астрономите погледнаа во раните денови на универзумот користејќи го вселенскиот телескоп James Webb - и забележале нешто неочекувано.

Открија шест масивни галаксии кои постоеле помеѓу 500 и 700 милиони години по Големата експлозија.

„Овие објекти се значително поголеми отколку што некој очекуваше. Предвидувавме дека таму ќе најдеме мали, млади галаксии. Наместо тоа, најдовме зрели, како нашата“, рече астрофизичарот Џоел Леја од Универзитетот Пен Стејт.

James Webb го набљудува универзумот во инфрацрвена светлина, која е невидлива за човечкото око, и затоа може да го регистрира слабиот сјај на древните ѕвезди и галаксии. Станува збор за револуционерен телескоп од девет милијарди долари кој е стопати почувствителен од Hubble. Главно ги набљудува пространствата на вселената во инфрацрвениот спектар, што му овозможува да навлезе во облаците од гас и прашина каде што се раѓаат ѕвездите. Телескопот Hubble работеше првенствено на оптички и ултравиолетови бранови должини.

URL

James Webb теоретски би требало да може да ѕирне во вселената пред 13,5 милијарди години. Научниците проценуваат дека универзумот е стар околу 13,7 милијарди години. „Откривањето на таквите масивни формации на галаксии исклучително рано во историјата на универзумот ги razni[a теориите за кои претпоставувавме дека се утврдена наука“, рече Леја, пренесува CNN.

Галаксиите се толку масивни што побиваат 99% од моделите за раното формирање на галаксиите во универзумот, што значи дека научниците сега треба повторно да размислат како всушност се формирале и еволуирале галаксиите. Сегашната теорија сугерира дека галаксиите започнале како мали облаци од ѕвезди и прашина кои растеле со текот на времето.

„За прв пат погледнавме во многу раниот универзум, немавме поим што ќе најдеме таму. На крајот, откривме нешто толку неочекувано што создава проблеми за науката. Ја доведува во прашање целата слика за раното формирање на галаксии. Отпрвин мислев дека сме згрешиле“, вели Леја.

URL

Еден начин да се утврди зошто овие галаксии пораснале толку брзо е преку спектрална анализа, која ги разгледува различните бранови должини за да дефинира различни елементи или да го одреди вистинското растојание на галаксиите.

„Спектралната анализа ќе покаже дали овие галаксии се реални или не. Ќе ни покаже колку се големи и колку се оддалечени. Ова е нашиот прв поглед, па мораме да бидеме отворени за многу можности. Иако податоците покажуваат дека тие веројатно се галаксии, мислам дека постои реална можност некои од овие објекти да испаднат дека се супермасивни црни дупки“, рече Леја.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Наука

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Read more

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

НАСА: Упс!

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе