Новооткриениот астероид 2023 DW ќе помине блиску до Земјата во 2046 година

Американската вселенска агенција НАСА откри нов астероид со големина на олимписки базен, кој би требало да помине блиску до Земјата во 2046 година.

Станува збор за астероид по име 2023 DW со пречник од 50 метри, кој има шанса од околу 1:600 ​​да се судри со Земјата. Затоа НАСА внимателно го следиж, бидејќи, иако шансите за удар се многу мали, потенцијалните последици би биле значајни доколку тоа се случи.

Астероидот е откриен на 27 февруари годинава, неговиот дијаметар е околу 50 метри, а неговата големина одговара на олимписки базен. Се очекува да помине многу блиску до Земјата на 14 февруари 2046 година.

На 8 март, Европската вселенска агенција (ЕСА) точно процени дека шансата астероидот директно да удри во Земјата е 1:625, но овие проценки секојдневно се ажурираат.

Астероидот 2023 DW не би удрил во Земјата со силата што ги уништила диносаурусите пред 66 милиони години, бидејќи тој астероид бил со дијаметар од неколку километри.

Во моментов нема официјални узбуни или предупредувања поради астероидот, но тој ќе продолжи да се следи во случај ситуацијата да се промени. Агенцијата ја потсети јавноста дека постојано ги следи астероидите и работи на подобрување на своите способности за откривање.

Откривањето на нови астероиди нѐ потсетува на важноста од нивно континуирано следење и напори за проучување. НАСА со години активно ги проучува астероидите и другите вселенски отпадоци и досега има направено бројни откритија кои им помогнале на научниците подобро да го разберат Сончевиот Систем и заканата што ја претставува за Земјата.

НАСА исто така развива технологија за отклонување или уништување на астероидите доколку претставуваат закана за Земјата.

Тагови
реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Вести

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Read more

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе