Новозеланѓаните добиваат австралиско државјанство

МАКФАКС
/ 22.04.2023 / 10:02

Австралија објави дека воведува директен пат до државјанство за Новозеланѓаните кои живеат во земјата, со што ги поништи контроверзните визни правила.

Ова се случува еден ден пред посетата на премиерот на Нов Зеланд, Крис Хипкинс. Хипкинс пред посетата на главниот град на државата Квинсленд, Бризбејн, го поздрави овој потег како најголемо подобрување во правата на Новозеланѓаните кои живеат во Австралија во текот на последната генерација.

Промените, кои стапуваат на сила во јули, значат дека Новозеланѓаните кои живееле во Австралија четири или повеќе години можат да аплицираат за државјанство без претходно да бидат постојани жители, рече австралискиот премиер Ентони Албанесе.

„Знаеме дека многу Новозеланѓани се тука со виза од специјална категорија додека воспитуваат деца, работат и ги градат своите животи во Австралија. Затоа, горд сум што можам да ги понудам придобивките од државјанството“, додаде Албанесе.

Нов Зеланд долго време се залага за промени откако се сменија визните правила во 2001 година, што им отежнува на „Кивите“ во Австралија да добијат државјанство. Реформата ќе ги усогласи правата на Новозеланѓаните повеќе со правата на австралиските иселеници кои живеат во Нов Зеланд, соопшти австралиската лабуристичка влада.

Според податоците на австралиското Министерство за надворешни работи и трговија, во Австралија живеат околу 670 илјади државјани на Нов Зеланд, додека во Нов Зеланд се околу 70 илјади Австралијци.

реклама

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Read more

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Свет

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Read more

САД воведоа нови санкции кон Русија

Read more

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Read more

Во Швајцарија се водат мировни преговори за Украина, Русите не доаѓаат

Read more
 

Вести

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Читај повеќе

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Читај повеќе

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Читај повеќе

ВЛЕН: Влада и Бадентер да, но без ДУИ

Читај повеќе