„Њу ордер“ се пофалија со наградата од фестивалот Скопје Синема Сити

Членовите на светски реномираниот бенд „Њу ордер“ (New Order), еден од најголемите бендови на сите времиња, беа „артисти во фокус“ на филмскиот фестивал за музички документарни филмови Скопје Синема Сити.

Бендот ја доби наградата за животно дело за достигнувања во музиката и филмот. Наградата им беше испратена во Манчестер.

По повод оваа награда, тие се пофалија на нивните официјални профили на Facebook и Twitter заблагодарувајќи се на фестивалот за укажаната чест.

A big thanks to Skopje Cinema City film festival, for awarding New Order with a Lifetime Award for Achievements in Music...

Posted by New Order on Sunday, September 20, 2020

 

„Оваа награда ја изразува нашата почит за музиката на бендот, која практично претставува саундтрак на нашите животи и е нераздвоен дел од современата култура. Нивните песни се совршен спој од срце и душа, исполнети со музички иновации и смело експериментирање. Како резултат на тоа, нивната музика обележала повеќе музички сцени што се појавиле почнувајќи од 80-тите до денес. Тоа ги прави да се достојни на нашата восхит и почест,“ вели директорот на фестивалот, Ненад Георгиевски.

URL

Фестивалот беше отворен со филмот „Декади“ на режисерот Мајк Кристи во дворот на Кинотека на Македонија и на тој начин им беше одадена посвета на составот. За потсетување, Фестивалот ги има наградено со истата награда Дејвид Боуви (2015), Леонард Коен (2016), Руичи Сакамото (2018), Филип Глас (2019) и Влатко Стефановски (2019). 

Наградата за бендот, а и сите визуелни решенија, се дело на Дијана Димитриевска која е долгогодишен соработник на фестивалот и важи за една од најинвентивните млади дизајнерки.

Синоќа со џез вечерта на Скопје Синема Сити и прикажувањето на филмовите „Го викав Морган“ и „Бил Фрисел“ се заокружи првиот викенд на Скопје Синема Сити и следниот е најавен за 2 и 3 октомври во Кинотека на Македонија.

реклама

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Три намирници што ги зачепуваат артериите

Read more

Музика

Ар Кели осуден на уште 20 години затвор за сексуално злоставување деца

Read more

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Read more

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Read more

Дејвид Бекам ги обедини „Спајс грлс“ за роденденот на Викторија

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • filter

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Читај повеќе

Ар Кели осуден на уште 20 години затвор за сексуално злоставување деца

Читај повеќе
  • play_arrow

Погледнете го трејлерот за хоророт The Exorcism со Расел Кроу

Читај повеќе

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Читај повеќе

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Читај повеќе
  • filter
25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе