Објавен Индексот на транспарентност на Fashion Revoilution: Кои модни брендови го подобриле работењето?

Александра Спасеска
/ 18.07.2022 / 19:21

Излезе најновиот Индекс на транспарентност во модата (Fashion Transparency Index) на Fashion Revolution и покажа охрабрувачки податоци за некои брендови.

Но, се покажа дека некои други големи имиња не прават доволно за да станаат поетички во своето работење.

Седмото издание на Индексот покажува дека најголемите светски модни брендови (анализирани се 250) и трговците на мало „мора да ја зголемат транспарентноста за да се справат со климатската криза и социјалната нееднаквост“.

Италијанскиот бренд OVS повторно постигна највисоки резултати оваа година со 78%, изедначен со Kmart Australia и Target Australia, кои ги подобрија своите резултати за 22 процентни поени во однос на 2021 година. По нив следат H&M, The North Face и Timberland, сите со 66%.

Најголем скок оваа година имаат брендовите на Calzedonia Group (Calzedonia, Intimissimi и Tezenis). Тие значително го зголемија својот резултат на 54%, што е значително подобрување во споредба со минатогодишните 11%.

Сега следат полошите вести. 17 големи брендови „добија лош рејтинг од 0%“. Тука спаѓаат Jil Sander, Fashion Nova, New Yorker, Max Mara, Semir, Tom Ford, Helian Home, Belle, Big Bazaar, Elie Tahari, Justfab, K-Way, KOOVs, Metersbonwe, Mexx, Splash и Youngor.

Всушност, вкупно 73 брендови имаат резултати во опсегот од 0-10% - тоа е речиси една третина од најголемите светски брендови и трговци на мало.

„Треба да видиме значителна промена во следните 12 месеци доколку брендовите се сериозни во својата посветеност на справувањето со глобалната нееднаквост и климатската криза“, велат од Fashion Revolution.

Генерално гледано, брендовите постигнаа просечен резултат од само 24%. Тоа се случи затоа што 85% од брендовите не го откриваат својот годишен обем на производство, и покрај зголемените докази за отпад од облека ширум светот.

И неверојатни 96% од големите брендови и трговци на мало не го објавуваат бројот на работници во нивниот синџир на снабдување на кои им исплаќаат фер плата.

Со оглед на тоа што властите на глобално ниво почнаа да стануваат построги за тврдењата за greenwashing, исто така се чини дека 45% од главните брендови објавуваат цели за одржливи материјали, но само 37% даваат информации за тоа што претставува одржлив материјал. А само 24% откриваат како ги минимизираат влијанијата на микровлакната, и покрај тоа што текстилот е најголемиот извор на микропластика во океанот.

Индексот, исто така, вклучува опомена за оние брендови кои „ги користат нивните канали за да зборуваат за социјалната правда“, велејќи дека „треба да одат подалеку од само зборување“ и да преминат на дела. Само 8% од брендовите ги објавуваат своите активности за расна и етничка еднаквост во нивните синџири на снабдување.

Меѓу другите пропусти што беа нагласени е фактот дека само 11% од брендовите објавуваат одговорен кодекс на однесување за купување, што покажува дека повеќето сè уште не сакаат да откријат како нивните куповни практики би можеле да влијаат на добавувачите и работниците.

И помалку од една третина од големите брендови ги откриваат нивните цели за намалување на јаглеродниот отпечаток што го опфаќаат целиот нивен синџир на снабдување, што е потврдено од Science-Based Targets Initiative.

Само 11% од брендовите ги објавуваат резултатите од тестирањата на отпадните води од добавувачите, и покрај тоа што текстилната индустрија е водечки придонесувач за загадувањето на водата.

Сето тоа звучи прилично лошо, но од Fashion Revolution велат дека се „охрабрени од зголемената транспарентност во синџирот на снабдување кај многу големи брендови“.

Се додава и дека „охрабрува значителниот напредок ширум пазарните сегменти, вклучувајќи ги сегментите за луксузни стоки, спортска облека, обувки и додатоци и низ различни географски области“.

Со-основачката и директорка за глобални операции Кери Сомерс рече: „Во 2016 година, само пет од 40 големи брендови (12,5%) ги открија своите добавувачи. Седум години подоцна, 121 од 250 големи брендови (48%) ги открија своите добавувачи. Ова јасно покажува како Индексот ја поттикнува транспарентноста, но исто така покажува дека брендовите навистина ги слушаат милионите луѓе ширум светот кои постојано ги прашуваат #WhoMadeMyClothes? (#КојЈаПравиМојатаОблека?) Нашата моќ е во нашата упорност“.

Но, генералниот заклучок е дека напредокот во транспарентноста во глобалната модна индустрија „сè уште е премногу бавен меѓу 250 од најголемите светски модни брендови и трговци на мало, при што брендовите постигнаа вкупен просечен повисок скор од 1% во споредба со минатата година“.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Read more

Бизнис

Европските инвеститори претпазливи, индексите благо паѓаат

Read more

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Read more

Ворен Бафет конечно откри во што инвестирал милијарди долари

Read more

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Read more
 

Вести

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Читај повеќе

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Читај повеќе

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Читај повеќе

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Читај повеќе

23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила жена од Штип

Читај повеќе