Објавено кога ќе биде погребот на Навални и како ќе изгледа

Погребот на Алексеј Навални ќе се одржи в петок во Москва, изјави неговата портпаролка во средата откако беше извршена потрага по место каде што неговите следбеници би можеле да се простат од 47-годишниот дисидент кој почина во сибирска казнена колонија на 16 февруари.

Кира Јармјуш на X објави дека погребната служба ќе се одржи во црквата на Богородица во областа Марјино во Москва и ги покани луѓето да се соберат таму.

Навални потоа ќе биде погребан на гробиштата Борисовскоје.

Неговите приврзаници го обвинуваат претседателот Владимир Путин за неговото убиство, бидејќи не можел ни да помисли на ослободување на Алексеј Навални во евентуална размена на затвореници.

Кремљ негираше вмешаност на државата во неговата смрт и, исто така, тврди дека тие не знаеле за каков било договор за ослободување на Навални.

Во неговата смртна потврда пишува дека починал од природна смрт.

Пред четири дена, 12 дена по неговата смрт, телото на Алексеј Навални конечно ѝ беше предадено на неговата мајка Људмила.

Ден претходно таа за медиумите изјави дека руските власти ѝ дале ултиматум во рок од неколку часа да го закопа нејзиниот син тајно меѓу семејството, во спротивно ќе го закопаат во колонијата каде што починал.

Кремљ нејзините изјави ги нарече „апсурдни“.

Во вторникот, портпаролката на починатиот опозициски лидер рече дека неговиот тим има потешкотии да најде погребално претпријатие, а исто така рече дека некои одбиле да ја одржат церемонијата кога дознале за кого станува збор.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Грција воведува шестдневна работна недела

Read more

Свет

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Read more

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе