ОБСЕ/ОДИХР со 20 долгорочни и 250 краткорочни набљудувачи ќе ги мониторира локалните избори

ОБСЕ/ОДИХР денеска ја започна својата набљудувачка мисија за локалните избори закажани на 17 октомври, во специфични услови поради пандемијата со COVID-19. Првпат на овие избори ќе се примени вчитување на отпечатоци од прсти, за што како што информираа од Мисијата за МИА, тие веќе прегледале неколку од овие терминали на средба во Државната изборната комисија.

Шефот на мисијата, Кајетана де Сулуета, на прес-конференција иформираше дека Мисијата се состои од основен тим од 13 стручни лица со седиште во Скопје и 20 долгорочни набљудувачи, кои ќе бидат распоредени во земјата од 15 септември. ОДИХР планира и да побара од земјите-учеснички на ОБСЕ да пратат 250 краткорочни набљудувачи, кои би пристигнале неколку дена пред денот на изборите.

Де Сулуета на прес-конференцијата информираше дека тие денеска веќе имале средба во Министерството за надворешни работи, како и во Државната изборна комисија.

– Ќе бидеме тука на покана на вашите власти, да ги набљудуваме изборите, да видиме дали се придружувате на стандардите на ОБСЕ, но исто така и до вашите закони и Изборниот законик, рече де Сулуета.

Првпат на овие избори во земјата ќе се применат терминали и систем за вчитување на отпечатоци од прсти. На прашање на МИА за тоа дали Мисијата има искуство во набљудување на вакви избори, тие посочија дека мисијата на ОБСЕ/ОДИХР има аналитичар за регистрација на гласачите и дека нивни претставници во ДИК веќе прегледале неколку од овие машини, но и дека ќе испитаат како тие се импементирани во други држави членки на ОБСЕ.

– Мисијата има аналитичар за регистрација на гласачите. Мисијата веќе се сретна со Државата изборна комисија и прегледа неколку од машините. Има и други ОБСЕ држави што користат слични машини и нашата мисија ќе испита како тие се имплементирани на овие избори во овој специфичен контекст, се наведува во одговорот од Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР за МИА.

Со мисијата ќе се процени дали изборите се одржуваат согласно заложбите на ОБСЕ и другите меѓународни обврски и стандарди за демократски избори, како и националното законодавство. Набљудувачите одблизу ќе ги испитаат клучните елементи на изборите, како што е регистрацијата на гласачите, регистрацијата на кандидатите, активностите во кампањата и нивното финансирање, работата на изборната администрација и релевантните владини органи, законодавството поврзано со изборите и неговото спроведување, како и решавање на споровите поврзани со изборите. Со мисијата ќе се следи и начинот на кој медиумите ја покриваат кампањата.

Се планираат и состаноци со претставниците на власта, политичките партии, граѓанското општество, медиумите и меѓународната заедница.

Шефот на мисијата де Сулуета истакна дека имајќи го предвид големиот проблем со кој се соочува земјата, а тоа пандемијата со COVID-19, тие ќе се придржуваат до сите мерки за превенирање на ширење на болеста што се спроведуваат во земјата.

– Ова ќе биде многу важна компонента на мониторирањето и во поглед на краткорочното и во поглед на долгорочното набљудување, рече таа.

Во текот на набљудувањето ќе биде објавен периодичен извештај за да се ажурираат јавноста и медиумите. ОДИХР ќе ги претстави прелиминарните наоди и заклучоци на прес конференција денот по изборите, а ќе го објави конечниот извештај за набљудувањето, заедно со потенцијалните препораки, приближно два месеци по крајот на изборниот процес.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Македонија

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Read more

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Read more

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Read more

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Read more
 

Вести

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе