Од Центар до Волково за 25 минути со воз, 65 со автобус

Доколку во Скопје би постоела градско-приградска железница како средство за масовен превоз на патници, тогаш времето за патување до приградските населби околу главниот град би се скратило барем за половина во споредба со постојното времетраење на патувањата со градско-приградските линии на ЈСП Скопје и приватните автобуски превозници.

Фото: Бојан Блажевски / МЕТА

Споредбата на возните редови на ЈСП Скопје и на Железници на РСМ Транспорт покажува дека на патнички воз од Транспортниот центар преку Лисиче, Драчево и Орешани до Зелениково денеска му се потребни 25 минути за да го помине растојанието во еден правец, додека на градскиот автобус за идентичната релација му се неопходни 55 минути.

Во правецот од Скопје преку Маџари, Хиподром и Илинден до Миладиновци, возот го минува растојанието за 22 минути, додека времетраењето на патувањето со автобус на ЈСП на идентичната релација изнесува 56 минути.

Возот е многу побрзо превозно средство и на релацијата од Транспортен центар до Волково. Меѓу овие две крајни точки, возот минува преку населбите Железара, Скопје Север, Злокуќани и Ѓорче Петров, за да пристигне во Волково за 25 минути. Автобусите на ЈСП на линијата 22 и другите приградски линии од Транспортен центар до Волково патуваат околу 65 минути, со тоа што времето на патување во сообраќајните шпицови е и подолго, покажува возниот ред на ЈСП Скопје.

Експертите посочуваат дека брзината на патувањето не е единствена предност што би можела да ја има градско-приградската железница во Скопје, туку при проценка на оправданоста на инвестицијата треба да се земат во предвид и другите фактори, како што се: загадувањето на околината, закрчувањето на сообраќајот, сообраќајни несреќи.

Фото: МЕТА

Професорот Зоран Кракутовски од Катедрата за железници на Градежниот факултет при УКИМ посочува дека железнички јавен превоз во регионот на Скопје може да се воведе независно од реализацијата на проектот за воведување на брз автобуски систем или трамвај во главниот град.

„Постои добра можност да се воспостави железничко поврзување на аеродромот со Транспортен центар во Скопје и да се изведе железнички периферен прстен кој ќе го опслужува Скопскиот регион и општините во него, и ќе навлегува во периферните зони на градот. За вакво решение постои дел од железничката инфраструктура, а дел треба да се догради и да се набават железнички возила кои ќе сообраќаат по истата. Потребно е да се изработи физибилити студија која ќе ги проучи овие проектни решенија и врз база на неа да се донесат одлуки за проектите“, вели за МЕТА професорот Зоран Кракутовски.

Постојната железничка мрежа во Скопскиот регион опфаќа речиси 100 километри отворени пруги и истата е одлична можност за воведување на интермодалниот транспорт во Скопје. Ова би значело брзи патувања со градско-приградска железница до железничките станици во Скопскиот регион (Зелениково, Драчево, Лисиче, Илинден, Миладиновци, Ѓорче Петров, Волково) од каде патниците би можеле да се прекачуваат на автобуси или велосипеди до крајните дестинации во околните населени места. Сепак, за да се спроведат ваквите трансфери во реалноста, неопходна е реконструкција на железничките станици и реорганизација на системот на градско-приградски линии од јавниот превоз во Скопје, што во моментов не е реализирано како проект.

реклама

Кинески научници создадоа нов смртоносен вирус

Read more

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Read more

Македонија

Левица: Изборниот систем сите нè краде, скратени сме за најмалку два мандата

Read more

Обвинителството анализира докази за Палчо кои не може да бидат споделени со јавноста

Read more

Зајкова: Забрзана ЕУ-интеграција е клучот за иднината на Македонија

Read more

Палевски екстрадиран од Турција, синоќа стигна во „Шутка“

Read more
 

Вести

Почина мајката на осомничениот убиец на малата Данка

Читај повеќе

Запленети 4,8 килограми злато при влез на автобус на ГП Богородица

Читај повеќе

Левица: Изборниот систем сите нè краде, скратени сме за најмалку два мандата

Читај повеќе

Обвинителството анализира докази за Палчо кои не може да бидат споделени со јавноста

Читај повеќе

По атентатот на Фицо: Закани до Вучиќ дека тој ќе биде следната мета

Читај повеќе

Зајкова: Забрзана ЕУ-интеграција е клучот за иднината на Македонија

Читај повеќе

Мицотакис: Нема да ги ратификуваме меморандумите од договорот од Преспа

Читај повеќе

Си го пречека Путин: Претседателе, мој стар пријателе, добредојде

Читај повеќе

Ворен Бафет конечно откри во што инвестирал милијарди долари

Читај повеќе