Од камион во Канада паднале кошници со 5 милиони пчели

Пчеларот Мајкл Барбер од Гуелф во средата во 6:15 утрината го разбудиле десетина пропуштени повици од полицијата која побарала помош откако кошници со 5 милиони пчели паднале од камион во покраината Онтарио.

Пчеларите Тери Фалоуни и Тајлер Траут отстрануваат пчели од автомобил

Пчелните кошници се превезувале со камион, а до инцидентот дошло откако се олабавиле ремените што ги прицврстувале, па паднале на коловозот. Кога Барбер пристигнал на местото, видел „облак пчели кои беа многу лути и збунети“.

Возачите кои биле во близина на камионот, како и пешаците биле предупредени да се оддалечат. По сцената во Брлингтон, Онтарио, Барбер изјави дека никогаш во животот не видел нешто слично, а се занимава со пчеларство веќе 11 години.

„Ова беше нешто посебно. Се надевам дека нема да се повтори“, изјави тој за BBC. Барбер ја пооседува компанијата Tri-City Bee Rescue.

Покрај Барбер на помош била повикана и пчеларката Тери Фалоуни од Хамилтон, како и други пчелари. 

Кошниците се распрснале во радиус од 400 метри, а по неколку часа поголемиот дел од пчелите се вратиле во нив. Сепак, неколку стотици инсекти не преживеале, а некои пчелари кои ѝ помогнале на полицијата биле искасани. Камионџијата претрпел повеќе од 100 убоди бидејќи не носел пчеларско одело. Му била укажана лекарска помош, а лекарите рекле дека состојбата не е сериозна.

Брлингтон се наоѓа на западниот крај на езерото Онтарио, на около половина пат меѓу Торонто и Нијагарините Водопади.

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Свет

САД воведоа нови санкции кон Русија

Read more

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Read more

Во Швајцарија се водат мировни преговори за Украина, Русите не доаѓаат

Read more

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Read more
 

Вести

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Читај повеќе

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Читај повеќе

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Читај повеќе

ВЛЕН: Влада и Бадентер да, но без ДУИ

Читај повеќе

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Читај повеќе

Празнично ретро шоу на олдтајмери во Крива Паланка

Читај повеќе

Во Швајцарија се водат мировни преговори за Украина, Русите не доаѓаат

Читај повеќе

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Читај повеќе