Од утре нема полициски час, од четврток отворање на угостителските објекти

Владата одржа седница на која се разгледуваше олеснување на вонредните мерки воведени поради епидемијата на коронавирусот. Исполнети се условите за престанување на важењето на повеќе рестриктивни мерки, рече премиерот Оливер Спасовски на денешната прес-конференција.

„Од утре престанува забраната за движење, а од четврток почнуваат со работа угостителските објекти со прецизно опреден протокол за работа на отворени делови. Работата во затворените делови ќе се регулира наредниот период“, рече Спасовски.

Од 1 јуни прекинува важењето на дел од мерките донесени во вонредната состојба. Ќе престанат да важат одлуките на Владата со кои одредени лица беа ослободени од работните обврски. Ова нема да важи за одредени категории лица како на пример за родителите на деца до 10 години и деца на претшколска возраст, бидејќи за нив ќе се чека одлуката за работа на градинките, како и за хронично болните.

Задолжителниот карантин се заменува со домашна изолација, доколку лицата поднесат ПЦР тест направен во последните 72 часа. Сите лица во државен карантин може да направат тест на сопствен трошок, доколку тој биде негативен, да им се укине државниот карантин.

Спасовски најави дека сепак вирусот е сè уште присутен и задолжително е да се почитуваат мерките за лична заштита и одржување растојание. Тој рече дека зголемениот број на новозаболени случаи е јасно од каде се, алудирајќи на семејни собири и непочитувањето на дел од мерките.

По обраќањето на премиерот Оливер Спасовски на прес-конференцијата се обратија вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, министерот за здравство Венко Филипче и во тек е обраќањето на доктор Жарко Караџовски .

Следете во живо.

Remote video URL
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Read more

Македонија

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Read more

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Read more

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Read more

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе