Од зелено злато до омилен сос: Како гвакамолето го освои светот?

Овој сос настанал во Средна Америка, каде бил сметан за дар од боговите. Денес е популарен низ целиот свет и претставува еден од омилените додатоци на јадења.

Откако во 1492 година била откриена Америка, европските колонизатори ги потчиниле жителите на географскиот регион кој ни е познат како Средна Америка, или Мезоамерика. Иако поголемиот дел од тамошното население денес дава впечаток дека влијание на автохтоните народи извршиле само колонизаторите, вистината е дека тие меѓусебно си влијаеле едни на други, и во културолошка, но и во кулинарска смисла. Така, Шпанците се сретнале и со јадењето, или попрецизно кажано сосот, кој со текот на времето станал меѓународен феномен.

Според митот кој се појавува во текстот „Легенда за Сонцето“, токму богот Кецалкоатл (богот змија) за време на една од своите посети на жителите на Средна Америка им го дал рецептот за сосот гвакамоле. Историските факти сугерираат дека овие народи децении пред доаѓањето на колонизаторите консумирале гвакамоле подготвен според сопствен рецепт. Воглавно ги мешале состојките - авокадо, домат и чили, па го додавале во други јадења или го јаделе посебно. Името доаѓа од јазикот науатл каде се вика āhuacamōlli (ауакамоли), што во буквален превод значи „сос од авокадо“.

Подоцна, кога Ернан Кортес се појавил на мексиканско тло, го открил рецептот и одлучил да му го претстави на својот крал. Тоа било доволно за споменатиот сос да стекне популарност, а во прилог на овој факт најдобро говори тоа што го нарекувале и „зелено злато“. Се разбира, Шпанците посакале гвакамолето да го прилагодат на својот вкус, па му додале намирници на кои нивните непца биле навикнати, како кромид, лук, сол и лимон, како и зачини и ароматични билки, како бибер и коријандер.

Овој рецепт се пренесувал понатаму, а остатокот од светот, кога еднаш ќе го вкусел, не сакал да застане. Гвакамолето успеало да ги пробие сите граници, како географски така и кулинарски, менувајќи се и еволуирајќи каде и да стигнело. До денес во мексиканската кујна останале популарни две верзии - онаа во која потполно е измешана содржината од сите состојки со авокадото и која претставува типична состојка на уличните јадења од локалните тезги, и другиот во кој нема авокадо.

Сакате да си направите домашно гвакамоле? Следете ги инструкциите на видеото:

Remote video URL
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Живот

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more
 

Магазин

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Читај повеќе