ОДИХР: Прелиминарна оценка за изборите на 16 јули, се следи изборниот процес, кампањата и медиумите

Скопје, 14 јули 2020 (МИА) – Специјалната мисија за проценка на предвремените парламентарни избори  во нашата земја на Канцеларијата за демократски институции и човекови права (ОДИХР) при ОБСЕ, ден по изборите на 16 јули ќе илезе со прелиминарни наоди и заклучоци во врска со изборниот процес, а конечниот извештај ќе го објави околу осум недели по денот на изборите, со заклучоци и потенцијални препораки, најави во интервју за МИА Лаима Андрикиене – шеф на Специјалната мисија на ОДИХР во земјава.

-Набљудувачките мисии на ОДИХР се посветени на принципот на немешање и затоа не издаваме проценка пред денот на изборите, но на 16 јули ќе издадеме изјава за прелиминарните наоди и заклучоци во врска со изборниот процес. Истиот ден ќе одржиме прес-конференција на која ќе ги презентираме овие наоди. Нашиот Конечен извештај ќе биде објавен околу осум недели по денот на изборите, со заклучоци и потенцијални препораки, исткнува Андрикиене.

Таа појаснува дека Мисијата внимателно и длабоко ги следи сите аспекти на изборниот процес. Основниот тим се состои од девет члена од девет земји-учеснички во ОБСЕ. За тековниот формат на Специјалната мисија за проценка на изборите, распоредена во Северна Македонија, имаат акредитирано 26 набљудувачи, во кои спаѓаат меѓународните експерти и националниот персонал за поддршка.

Нивните аналитичари опфаќаат теми кои вклучуваат: изборна администрација, регистрација на избирачите, политичка кампања и финансирање на кампањата, медиумско покривање на изборите, поплаки / жалби и механизми за решавање спорови и целокупната правна рамка за изборниот процес. Мисијата, посочува Андрикиене, вклучува и сеопфатен мониторинг на медиуми во текот на периодот на кампањата, што ќе придонесе за проценка на кампањата.

-Ние сме тука да ја процениме усогласеноста на изборниот процес со меѓународните обврски и стандарди, како и со националното законодавство. Ние сме многу заинтересирани да ги следиме мерките што се применуваат во различни фази на изборниот процес заради пандемијата на COVID-19, така што внимателно ги следиме и прилагодувањата на постапката на денот на гласање. Во исто време, би сакала да истакнам, дека ние самите живееме и работиме строго според дадените препораки, истакнува шефицата на Мисијата на ОДИХР.

Активностите за набљудување ќе бидат прилагодени во услови на пандемијата со коронавирусот.

-Сите ние живееме и работиме во оваа земја во едно исто опкружување, на нашите активности за набљудување влијаат и пандемијата COVID и нашата мисија треба да се прилагоди на моменталната состојба. Нашата мисија треба да ги ограничи своите патувања на минимум со цел да го минимизираме нашиот епидемиолошки отпечаток во оваа земја, нашите патувања во текот на денот на изборите ќе бидат ограничени и затоа што ние им даваме приоритет на безбедноста на набљудувачите и на граѓаните на земјата домаќин, посочува Андрикиене.

Специјална мисија за проценка на изборите ја започна својата работа во Скопје на 22 јуни, т.е. пред официјалниот почеток на изборната кампања, а ќе биде распоредена до 23 јули. 

Тагови
реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Македонија

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Read more

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Read more

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Read more

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе