Под мотото „Кога велам пријател, мислам на тебе“, ТигоФајнанс се приклучи во реализацијата на еден од најпосетуваните музички настани во Скопје – Skopje Beer Fest, кој годинава се одржуваше од 12-ти до 15-ти септември на стадионот на АРМ во Градскиот парк.
Со богата четиридневна програма исполнета со врвни македонски и регионални музички имиња, годинава Фестивалот доби и своја „Tigo Friendship Zone“, каде посетителите можеа да се забавуваат со своите пријатели, да ја играат интересната „Тиго/X“ игра и да добијат интересни и корисни изненадувања, како и да ги овековечат своите моменти од дружбата со своите пријатели.
„Tigo Friendship Zone“ го привлече вниманието на голем број посетители кои не одолеаја на предизвикот да ја заиграат интересната верзија на една од најпознатите игри – X/0, т.н. „Тиго/X“.
Погледнете во продолжение како изгледаше атмосферата на Skopje Beer Fest и Tigo Friendship Zone.
Преку партнерството со Пасворд Продакшн, ТигоФајнанс ги потврдува своите заложби за промоција и поддршка за создавање и одржување квалитетни содржини за младите луѓе во доменот на музичката уметност и културата. Партнерството продолжува и за претстојниот Таксират, а посетителите можат да очекуваат бројни квалитетни содржини и уште многу изненадувања.
До услугите на ТигоФајнанс клиентите можат едноставно да пристапат онлајн на www.tigo.mk или во некоја од 26-те филијали ширум земјата, а аплицирањето и на обете места е подеднакво брзо и едноставно – oдговор на апликацијата се добива за 30 секунди, a исплатата во кеш се врши за само 10 минути. Дополнително, првата апликација е бесплатна, односно првиот кредит до 20 илјади денари е со 0% каматна стапка.
Тиго е член на Асоцијацијата на финансиски друштва, чии членови со потпишувањето на Кодексот за добра пракса и формално се обврзуваат за одговорно кредитирање и обезбедување на повисоко ниво на заштита на клиентите.
Повеќе информации за ТигоФајнанс се достапни на веб страницата www.tigo.mk или на телефонскиот број 13 700.
*Промотивен текст.