ЛА ЛИГА 2020/21

Одлуката за првак на Шпанија паѓа вечер: Атлетико или Реал?

Денеска во Шпанија се игра последното коло од Ла Лига во кое ќе го добиеме името на шампионот за сезоната 2020/21.

Кој капитен ќе го подигне пехарот: Коке или Рамос?

Во трката за титулата останаа само мадридските клубови Атлетико, кој ја брка својата 11-та титула, и Реал, кој ја брка својата 35-та титула шампион на Шпанија. Атлетико е актуелен лидер со 83 бода, 2 повеќе од градскиот ривал.

Тимот на Диего Симеоне патува на гости кај Ваљадолид, додека Реал на Зинедин Зидан го пречекува Виљареал. Пресметката е јасна - Атлетико станува шампион со победа, додека во случај на преостанатите два исхода би зависело од Реал.

Доколку Атлетико киксира, без разлика дали ќе загуби или одигра нерешено, Реал со победа би станал шампион, бидејќи дури и во случај на ист број бодови „Кралевите“ би имале предност поради подобриот меѓусебен скор (2:0 и 1:1).

Освен борбата за шампион, ќе биде возбудлива и борбата за местата кои водат во Лига Европа, како и во борбата за опстанок.

Реал Сосиедад (59 бода) и Бетис (58) се наоѓаат на местата што водат во Лига Европа, додека Виљареал (58) е на местото кое води во новата Европа конференциската лига. Со оглед на тоа што „Жолтата подморница“ игра против Реал, се очекува сите три клуба да останат на тие позиции на крајот од сезоната.

Уеска (33), Елче (33) и Ваљадолид (31) се во борба за опстанок, а само еден тим ќе биде спасен. Ваљадолид не само што има најмалку бодови, туку игра против Атлетико и ќе му биде потребно вистинско чудо да не ја мине следната сезона во Сегунда.

Доколку Уеска и Елче ја завршат сезоната со ист број бодови, Уеска ќе остане во лигата поради подобриот меѓусебен дуел.

Седум натпревари од поседното коло се играат денес од 18 часот, а се среќаваат:
Ваљадолид - Атлетико
Реал Мадрид - Виљареал
Осасуна - Реал Сосиедад
Селта - Бетис
Уеска - Валенсија
Елче - Атлетик
Еибар - Барселона.

Завесата на оваа сезона ќе биде спуштена утре со натпреварите Гранада - Хетафе (18:30) и Севиља - Алавес (20:00). Синоќа својот натпревар го одиграа Леванте и Кадис (2:2).

Тагови
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Фудбал

Алегри го напушти Јувентус?

Read more

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Read more

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Read more

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Read more
 

Спорт

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Читај повеќе

Во Барса се бесни: Сепак клоца за Чави

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Фјури не го ни погледна Украинецот Усик пред борбата на векот?

Читај повеќе

ФИФА најави ВАР револуција - ќе биде како во тенисот

Читај повеќе

Роналдо далеку пред конкуренцијата, најмногу заработил во последните 12 месеци

Читај повеќе