Одржлив пловечки „континент“ го чисти океанот и го подготвува отпадот за рециклирање

Концептот на пловечки објект што го чисти океанот од отпад и го подготвува за рециклирање ја доби наградата за архитектура и иновации од фондацијата Жак Ружери.

Импресивниот концепт дизајн наречен 8-ми континент е пловечка станица која нуди решение за еден од најголемите проблеми на денешницата, а тоа е отпадот во океаните.

Концептот го потпишува Ленка Петракова, а е дизајниран да собира отпад од океанот и да го подготвува за рециклирање. Овој концепт ја доби наградата за архитектура и иновации од фондацијата Жак Ружери.

Петракова е дизајнерка во компанијата Zaha Hadid Architects во Лондон, а нејзината идеја првично ја развила на Универзитетот за применета уметност во Виена, Австрија, неколку години откако почнала да го проучува загадувањето на океаните.

Remote video URL

Дизајнот е дизајниран така што 8-от континент плови во Тихиот Океан и се состои од пет главни делови. Бариерата го собира отпадот и енергијата од плимата, колекторот го сортира, разградува и складира отпадот, центарот за истражување и едукација се користи за учење и прикажување на ефектите врз океаните, зелените градини се наменети за одгледување на растенија и десаниација на водата, а има и станбен дел за живеење.

„Континентот“ е целосно самоодржлив, ја користи енергијата на брановите, но и сонцето, благодарение на соларните панели.

Петракова пронашла инспирација во морскиот живот, односно во живите самоодржливи водни организми.

„Сфатив колку океани се уништени и колку видови се истребени, колку е сериозно загадувањето и оние делови каде човекот сè уште не бил, а сепак се чувствуваат последиците од нашата активност“, рече Петракова.

Со оглед на количината пластика што завршува во океаните, концептот може да помогне да се подигне свеста и да се направи промена.

реклама

Вести

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Read more

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Read more

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Read more

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Read more
 

Гик

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе