Официјален трејлер за документарецот за легендарниот Рене Игита

Од сиромаштијата во Колумбија до светска фудбалска легенда. Документарниот филм на Netflix го раскажува подемот на колумбискиот голман Рене Игита, неговата револуционерна кариера и раѓањето на Скорпион ударот.

 

Игита беше активен од 1985 до 2009 година настапувајќи за домашните клубови Миљонариос, Атлетико Насионал, Индепендиенте Медељин, Реал Картахена, Атлетико Хуниор, Депортиво Перејра, Депортиво Рионегро, потоа мексикански Веракрус, еквадорски Аукас, венецуелски Гуарос, а во Европа имаше само кратка авантура во шпанскиот Реал Ваљадолид во 1992 година.

Беше познат како Ел Локо, односно Лудиот, поради неговиот стил на игра како голман што често игра и во поле, а постигнуваше и голови од пенали и слободни удари. Во кариерата постигна вкупно 43 голови од кои 35 од пенал, 7 од слободен, но и 1 од гол на гол.

За репрезентацијата на Колумбија настапи 68 пати и постигна 3 гола, а беше дел од Мундијалот во Италија 1990 каде целиот свет се запозна со т.н. Скорпион удар. Оттаму и насловот на документарецот „Higuita: The Way of the Scorpion“.

Игита денес има 57 години и работи како тренер на голманите во Атлетико Насионал, работа што претходно ја работеше и во Ваљадолид и Ал Наср.

Remote video URL

Филмот ќе биде премиерно прикажан на Netflix на 2 ноември.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Филм & ТВ

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Read more

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Читај повеќе

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • filter

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Читај повеќе