На својот пат околу пространиот и опасен Атлантски Океан, патниците на бродот „Kerberos“ ќе ја сретнат најголемата мистерија на нивните живцоти. Добредојдовте во „1899“!
Серијата е германска продукција создадена од Јантје Фризе и Баран бо Одар. Станува збор за група европски мигранти кои го напуштаат Лондон на пароброд упатувајќи се кон Њујорк каде сакаат да почнат нов живот. Но, кога на отворено море ќе налетаат на друг брод со мигранти ќе почне и нивниот кошмар.
Серијата својата премиера на Netflix ќе ја има на 17 ноември. Засега не е познато колку епизоди ќе има.