ОЈО Гостивар побара притвор за Кичеец за сообраќајката

Причина за тешката сообраќајна несреќа во која седум лица беа повредени, а едно го загуби животот е претекнување на полна линија, наведуваат од ОЈО Гостивар. Заради ваквиот соменж, за лицето кое го управувало возилото Mercedes е побаран притвор.

Во соопштение, се наведува дека Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот според член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик.

Според ОЈО Гостивар, на 4 септември, на магистралниот пат Кичево-Гостивар, осомничениот како учесник во сообраќајот на јавните патишта не се придржувал кон прописите и го загрозил јавниот сообраќај.

– Движејќи се со патничко моторно возило Mercedes со кичевски регистарски ознаки, тој на критичното место не ја прилагодил брзината на движење според состојбите и условите на патот и на видно обележана полна надолжна линија започнал престигнување на возилото пред него – автомобил BMW со тетовски регистарски ознаки. Во истиот момент, во обратна насока кон Кичево се движел автомобил SsangYong со гостиварски ознаки, на кое осомничениот му го попречил патот, па директно удрил со предниот десен дел од Mercedes-от во предниот десен дел од автомобилот SsangYong. Удреното возило со левиот страничен дел, пак, удрило и во автомобилот BMW кој бил претекнуван. Во несреќата, животот го загубил сопатник во автомобилот SsangYong, четири лица се здобиле со тешки телесни повреди, а тројца, меѓу кои и осомничениот, се здобиле со телесни повреди, се наведува во соопштението на ЈО.

Поради опасност од бегство, можност за влијание врз сведоците, оштетените и можност за повторување на делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.

Дописникот на МИА јавува дека, Милески со стражарска придружба како затвореник беше спроведен во ОЈО Гостивар и во зградата на гостиварското обвинителство беше задржан повеќе од пет часа.

Во неделата попладне на магистралниот пат Гостивар-Кичево во близнина на гостиварско Ново Село се случи сообраќајна несреќа во која како учесник беше посочен и Зоран Милески, инаку осуден за случајот „Рекет“ на три години. Тој имал прекин во издржување на казната од 30 дена, поради здравствени кардиоваскуларни проблеми, а во затворот во Струга требало да се врати до 8 септември.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Македонија

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Read more

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Read more

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Read more

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе