Охрид полн со гости, рестораните празни – сепак поднесени осум кривични за угостители

Охрид, 7 јуни 2020 (МИА) – Инспекторите на Пазарниот инспекторат викендов поднеле 22 кривични пријави за непочитување на владините мерки од страна на категоризираните сместувачки и угостителски објекти.

Осум кривични пријави се поднесени во Охрид, четири во Струга, пет во Битола, три во Дојран и по една кривична пријава на Пониква и во Маврово.

– Станува збор за кривични пријави поднесени поради прекршувања на забраната за сместување лица во категоризирани објекти, а само една пријава е за пречекорување на работно време и две кривични за прекршување на Протоколот 8 (повеќе гости на терасите, непочитување растојание или гостите се во внатрешниот дел од објектите), изјави денеска во Охрид, Мери Проја Продановска од Државниот пазарен инспекторат.

Кога станува збор за недозволено сместување гости во Охрид, викендов инспекторите затекнале само четири такви случаи. Се контролираат исклучиво категоризираните објекти односно пријавните станоиздавачи, оние субјекти кои остваруваат приходи од сместување туристи.

– Собите и сместувачките објекти ги контролираме во пријавени објекти што имаат решенија за работа. Контролите најчесто го вршиме во попладневните часови после 16 часот, кога на сила е полицискиот час односно кога сите треба да се таму каде што ќе ноќеваат, појасни Продановска.

Таа нагласи дека споредено со првите денови на олабавувањето на мерките, економските оператори генерално ги почитуваат мерките, забраните и препораките за работа, односно се придржуваат на определените протоколи за работа.

– Најбитно е да бидеме свесни за ситуацијата, да држиме дистанца, да носиме маски и на тој начин со заеднички сили да го победиме невидливиот непријател, порача Продановска.

Инспекторите од Државниот пазарен инспекторат остануваат на терен каде постојно ќе спроведуваат контроли на угостителските и сместувачките објекти на територијата на целата држава.

Продолжениот викенд донесе зголемен број  гости  во Охрид. Зголемена е раздвиженоста на луѓе по чаршијата, долж Кејот на Охридското Езеро и низ градот, но без позначајна посетеност на угостителските објекти, кафулињата и рестораните. Двомесечната изолација наметната поради епидемијата на коронавирусот како да ги одвикна луѓето да одат по кафеани и ресторани. Дури и со намален ограничен капацитет на столици, кафулињата во градот не беа полни. Рестораните уште попразни, иако градот бележи зголемен прилив на гости од другите градови.

Remote video URL
реклама

Македонија

Мицкоски до Османи: Слоганот не е шовинистички туку означува дека ќе ја вратиме Македонија на народот, кој вие од власта го крадете

Read more

ДУИ: Вокабуларот како оној на Мицкоски е агенда на Москва и Путин

Read more

ЕВН и Макпетрол ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Read more

Ќе ги разгледаме ставовите на маса – Меџити и Мицкоски сѐ уште не разговарале за уставните измени

Read more
 

Вести

Мицкоски до Османи: Слоганот не е шовинистички туку означува дека ќе ја вратиме Македонија на народот, кој вие од власта го крадете

Читај повеќе

Изложба: Четирите мајстори на модернизмот

Читај повеќе

31-годишна скопјанка нападната во спортска обложувалница во Центар

Читај повеќе

Скопјанец пукал со воздушна пушка и ја погодил мачката на соседот, полицијата му го одзеде оружјето

Читај повеќе

Дозволена екстрадицијата на Љупчо Палевски

Читај повеќе

ДУИ: Вокабуларот како оној на Мицкоски е агенда на Москва и Путин

Читај повеќе
  • filter

ЕВН и Макпетрол ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Читај повеќе

Ќе ги разгледаме ставовите на маса – Меџити и Мицкоски сѐ уште не разговарале за уставните измени

Читај повеќе

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Читај повеќе