Октомври е најдобар месец за секс: Кои се причините зошто вам не ви е дојдено до акција?

Годишните времиња и нивната промена влијаат на сите аспекти на нашето живеење, вклучувајќи го и сексуалниот нагон.

Либидото е најсилно во есен, но има природни решенија со кои можете да го зголемите сексуалниот нагон и „вон сезона“, советуваат секс-терапевтите.

Летото се смета за прилично добро годишно време за секс бидејќи луѓето се чувствуваат послободно, се облекуваат поразголено и тоа прави да се чувствуваат секси, но и привлечени од другите луѓе. Повеќе време поминуваме меѓу други луѓе, физичкиот контакт е кожа на кожа.

Ако се анализираат хормоните, пак, есента е годишното време кога желбата се секс е највисока. Човекот, како и повеќето цицачи, има свој биолошки ритам кога станува збор за плодноста и други физички процеси.

Во една студија за тестостеронот кај мажите и жените истражувачите откриле дека и кај едните, и кај другите имало опаѓање на нивото на тестостерон во лето и зголемување наесен. Друго истражување спроведено на машки испитаници покажало дека нивото на тестостерон било највисоко во октомври. Дополнителни истражувања покажуваат дека не е необично кај мажите да дојде до пад на нивото на тестостерон во ладните зимски месеци.

Имајќи ги предвид овие студии, може да се дојде до заклучок дека есента е поволно време за секс. Сепак, друга студија покажува дека хетеросексуалните мажи сметаат дека жените се најсекси во ладните месеци бидејќи покажуваат помалку кожа, што им ја разгорува фантазијата.

Причини за намалено либидо

Ако партнерот или партнерката ретко или веќе никогаш нема расположение за секс, тоа влијае на врската и односот меѓу вас. Доколку со раговор не можете да дознаете кои се причините, погледнете ги околностите и претходното однесување на двајцата. Ова се најчестите причини за намалено либидо кај жените и кај мажите.

Финансиски проблеми

Со оглед на тоа дека проблемите со пари се една од најчестите причини за раскинување на врска и развод, не изненадува фактот дека финансиските грижи може да предизвикаат несогласувања и кај најхармоничните партнери. Нерешените финансиски стрес фактори во врската може да предизвикаат негативни чувства кон партнерот, страв и вознемиреност, нарушена доверба, симптоми на депресија и губење на сексуалниот нагон.

Недостаток на внимание

Во денешно време речиси е невозможно да седнете да гледате филм дома или да излезете на вечера без најмалку еден од вас да гледа во телефонот на секои пет минути. Ако вие сте партнерот кој тоа почесто го прави, помислете дали му посветувате повеќе време на телефонот или на саканата личност. Не го земајте другиот здраво за готово. Оставете ги сите гаџети во друга соба и посветете се еден на друг.

Недоволна физичка спремност и несигурност во сопствениот изглед

Ако партнерот или партнерката качиле некој килограм или немаат кондиција како некогаш, тоа може значително да влијае врз самодовербата и желбата за секс. Ако правите шега на нивна сметка на овие теми, тие не го доживуваат тоа како мотивација за подобрување на состојбата, туку само се вовлекуваат подлабоко во себе. Бидете полни со поддршка и ставете им до знаење дека ги сакате за тоа што го имаат во срцето и главата, а не поради начинот на кој изгледаат. Сепак, на убав начин укажете им дека за нивно добро треба да почнат да вежбаат.

Не им се допаѓа тој тип на секс

Понекогаш луѓето сфаќаат, дури и по одредено време во врска со истата личност, дека веќе не ги возбудува „вообичаениот“ секс, туку имаат потреба од поинаква сексуална возбуда. Проблемот се јавува кога не можат тоа да им го кажат на партнерите со кои претходно имале  „обичен“ секс, па целосно ја повлекуваат интимата од врската.

Во секој од овие случаи најмногу ќе помогне искрен разговор и споделување на проблемот за да може заеднички да одлучите дали има решение и колку тоа ќе влијае врз вашата врска.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Љубов и секс

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Read more
 

Магазин

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе