Олена Зеленска објави фотографии од убиените деца: Покажете им го ова на руските мајки

Првата дама на Украина Олена Зеленска не престана да го информира светот преку Instagram за ужасите што се случуваат во нејзината земја од почетокот на руската инвазија.

Овојпат таа објави фотографии од децата кои ги загубија животите во војната со Русија.

„Руските окупатори убиваат украински деца. Свесно и цинично. А бројката веројатно би можела да се зголеми овој момент кога нашите мирни градови се бомбардираат. Кога луѓето во Русија велат дека нивните војници не убиваат цивили, покажете им ги овие фотографии“, напиша Зеленска.

Меѓу нив е и 18-месечниот Кирил кој беше убиен откако Русите го гранатираа вториот по големина град во Украина. Снимката од скршената мајка на Кирил, Марина Јацко, и нејзиното момче Федор, го обиколи светот.

„Покажете им ги лицата на овие деца кои немаа шанса да живеат. Уште колку деца мора да умрат за Русите да престанат да пукаат и да дозволат да поминуваат хуманитарни коридори? Овие коридори ни требаат токму сега низ Украина! Стотици деца умираат во подруми без храна и медицинска помош. Руските војници убиваат семејства кои се обидуваат да ги напуштат зградите, а убиваат и доброволци кои се обидуваат да помогнат“, продолжи Зеленска.

„Апелирам до сите непристрасни медиуми во светот! Кажете ја оваа страшна вистина: руските напаѓачи убиваат украински деца. Кажете им на руските мајки и кажете им што точно прават нивните синови овде во Украина. Покажете им ги овие фотографии на Русинките - вашите сопрузи, браќа, сонародници убиваат украински деца! Кажете им дека тие се лично одговорни за смртта на секое дете од Украина затоа што премолчено се согласиле на такви злосторства! До сите земји од НАТО: затворете го небото над Украина! Спасете ги нашите деца, бидејќи тоа утре ќе ги спаси вашите“, поентира првата дама на Украина.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Свет

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Read more

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе