Омикрон ги урна надежите дека најлошото од пандемијата е зад нас

Генералниот директор на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебрејесус го повика светот да се обедини и да донесе тешки одлуки потребни за да се стави крај на пандемијата на COVID-19 следната година.

– 2022 мора да биде година кога ќе ставиме крај на пандемијата, изјави генералниот директор на СЗО.

Како што се приближуваат прославите на крајот на годината, Гебрејесус призна дека „сите сакаме да поминуваме време со пријателите и семејството. Сите сакаме да се вратиме во нормала“.

– Но, за да се вратиме во нормала, треба да се заштитиме сега бидејќи случаите на омикрон, кој многу брзо се шири, се зголемуваат, истакна тој.

Откако за првпат беше регистриран во Јужна Африка во ноември, омикрон е идентификуван во десетици земји, што ги урна надежите дека најлошото од пандемијата е зад нас.

И покрај показателите дека не е потешка од варијантата делта – која сѐ уште е доминантна – омикрон според раните податоци покажа дека е позаразен и загрижувачки отпорен на вакцини.

Со оглед на тоа што бројот на новозаразени многу брзо се зголемува, Тедрос истакна дека е подобро да се откажат настаните „сега и да се слави подоцна отколку да се слави сега и да се тагува подоцна“.

– Сега треба да се фокусираме на ставање крај на оваа пандемија, нагласи шефот на СЗО.

Тедрос инсистира дека е можно да се запре пандемијата, но рече дека ќе треба да се искористат сите алатки кои асе на располагање, почнувајќи од вакцини до носење маски и физичко растојание.

И можеби најважно, светот треба да стави крај на очигледната нееднаквост во пристапот до вакцини.

– Ако сакаме да ставиме крај на пандемијата во наредната година, мора да ставиме крај на нееднаквоста, нагласи тој.

URL

Извршниот директор на германската компанија BioNTech, која е еден од производителите на вакцината против COVID-19 – Pfizer/BioNTech, изјави дека раните податоци за ефикасност на вакцината против сојот омикрон делуваат „смирувачки“, но предупреди дека вакцините сами по себе нема да ја запрат пандемијата.

Директорот на BioNTech, Угур Шахин, за францускиот весник „Монд“ истакна дека прелиминарните податоци од Велика Британија и Јужноафриканската Република укажуваат на „ефикасност од околу 70% по третата доза и околу 20 до 40% по втората доза“. Шахин, исто така, вели дека чека податоци од реалниот живот за да ја процени точноста на една германска студија која укажува на брзо губење на ефикасноста од околу 25 проценти по три месеци, дури и по примени три дози.

Во Велика Британија 12 лица починаа од сојот омикрон а 104 се хоспитализирани, изјави министерот за правда, Доминик Раб.

– Знаеме дека (омикрон) се шири многу брзо. Во моментов имаме 104 хоспитализации и 12 починати. Но, поради доцнење во однос на податоците, не знаеме колку сериозно ќе биде тоа, изјави Раб за Радио Тајмс.

Тој додаде дека лицата кои примиле дополнителна доза вакцина против имаат повеќе од 70 отсто заштита, со што ја оправда одлуката за забрзување на кампањата за вакцинација што британската Влада ја донесе пред осум дена.

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека ги разгледува сите можности да ја држи под контрола варијантата омикрон на коронавирусот бидејќи ситуацијата во земјата е исклучително тешка, нагласувајќи дека се потребни нови мерки.

– Морам да и кажам на британската јавност, и тоа им го порачувам на сите, дека нема да ја исклучиме можноста за воведување нови мерки за заштита на народот, изјави Џонсон по состанокот со членовите на Владата.

Тој, исто така, истакна дека ситуацијата во земјата е „исклучително тешка“, а бројот на хоспитализирани лица заразени со коронавирусот во Лондон рапидно расте.

Израелските министри одобрија САД и Канада да бидат ставени на списокот на така наречените црвени земји во кои е забрането патувањето на Израелците поради ширењето на сојот омикрон.

Властите во Германија планираат да воведат „лесен локдаун“ од 28 декември, и покрај прелиминарни планови да не ги заоструваат ограничувањата за вакцинираните и оние кои прележале COVID-19.

Германија планира да ги ограничи приватните собири на максимум 10 лица кои биле вакцинирани или прележале COVID-19, а истите ограничувања ќе важат и на отворен и на затворен простор, со тоа што децата помали од 14 години ќе бидат изземени од мерките.

Во Словенија бројот на новозаразени лица продолжува да опаѓа, а бројот на хоспитализирани исто така се намалува, но Владата не најавува олабавување на мерките за божиќните и новогодишните празници поради сојот омикрон на коронавирусот.

Во Грција има потврдени 26 случаи на варијантата омикрон, но претседателот на Националната организација за јавно здравје на Грција Теоклос Заути предупреди да не се задржува на оваа бројка, бидејќи се очекуваат повеќе случаи.

Заути објасни дека поголемиот број од овие случаи не се поврзани со патување во некоја од земјите каде што е раширен новиот сој.

Организаторите на Светскиот економски форум во Давос објавија дека јануарскиот состанок на Форумот е одложен поради омикрон варијантата на коронавирусот.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Свет

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Read more

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Read more

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе