Омилената храна на мажите го зголемува ризикот од агресивен рак на простата

Не можеме да влијаеме на сите фактори на ризик за појава на рак, но можеме да влијаеме на некои, како што е храната.

Ова значи дека промената на вашата исхрана и избегнувањето на одредени намирници би можело да помогне во одржувањето на здравјето.

Храната што ја јадат мажите може речиси тројно да го зголеми ризикот од развој на агресивен рак на простата, според новата студија објавена во BJU International.

Ракот на простата е најчестиот вид на рак кај мажите и иако не се знае точно што предизвикува развој на болеста, постојат голем број фактори за кои се смета дека го зголемуваат ризикот. Сега истражувањата покажаа дека она што го јадат мажите може да го зголеми ризикот од тешка форма на рак на простата.

Нездравата храна го зголемува ризикот од рак на простата

Новата студија на истражувачите од Институтот за здравје Карлос III во Мадрид покажа дека мажите кои консумираат брза храна и газирани пијалоци се повеќе склони кон тумори опасни по живот. А токму брзата храна им е омилена на многу мажи, поради достапноста и, за жал, неодоливиот вкус.

„Нашите резултати покажуваат дека избегнувањето на нездрави навики во исхраната би можело да биде најдобрата нутритивна стратегија за спречување на агресивниот рак на простата“, нагласува д-р Адела Кастело-Пастор, автор на студијата од Институтот за здравје Карлос III, каде што е спроведена студијата, во која беа следени 5.296 учесници од Шпанија во период од околу 17 години.

Оние кои јаделе таканаречена „западна“ храна почесто добивале тумори кои се ширеле на други органи, а инциденцата се зголемувала и до 3 пати. Истражувачите нагласија дека „западната шема на исхрана“ се состои од:

- голем внес на млечни производи со висока содржина на масти,

- преработено месо

- рафинирани зрна

- слатки

- калорични пијалоци

- готова храна

- сосови

- мал внес на млечни производи со мала содржина на масти

- низок процент на цели зрна.

Храната предизвикува хормонална дисрегулација

„Постои сомневање дека вкупните и заситените масти и транс мастите од црвеното и преработеното месо, слатките, сосовите и готовата храна ја зголемуваат прогресијата на ракот на простата преку хормонална дисрегулација. Тие го зголемуваат оксидативниот стрес, што го отежнува ‘поправката’ на оштетувањето на ДНК и доведува до воспаление, кое ја зголемува клеточната пролиферација“, објасни д-р Адела Кастело-Пастор.

Многу соединенија кои се природно присутни или се јавуваат при готвење или преработка на црвено месо или други производи, според д-р Кастело-Пастор, може да влијаат на ризикот од рак на простата преку катализирање на формирањето на слободни радикали и потиснување на експресијата на гените вклучени во прогресијата на клеточниот циклус и поправка на ДНК во клетките на ракот на простата.

„Конечно, високиот енергетски профил на западната исхрана придонесува за зголемување на телесната тежина, најважниот познат ризик фактор за рак на простата, кој може да се промени“, истакна д-р Кастело-Пастор.

Медитерански и „паметен“ начин на исхрана против агресивни тумори

Во текот на периодот на следење, беа дијагностицирани нешто повеќе од 600 случаи на рак на простата. Освен западниот начин на исхрана, другите две групи испитаници ја следеле медитеранската исхрана како и „паметниот“ избор на храна. Паметната исхрана е богата со висок внес на млечни производи со малку маснотии, зеленчук, овошје, цели зрна и сокови. Од друга страна, медитеранската исхрана претставува висок внес на риба, зеленчук, мешунки, варен компир, овошје, маслинки и растително масло и низок внес на сокови.

Истражувачите наведуваат дека здравата исхрана не е доволна за да се спречи појавата на рак, туку е да се намали ризикот од развој на најагресивните облици на рак.

Утврдено е дека млекото и другата млечна храна го потиснуваат производството на хемикалии кои се борат против рак на простата, истакна д-р Катело-Пастор. Неколку претходни студии, исто така, покажаа врска помеѓу консумирањето зеленчук и намалениот ризик од рак на простата, но истражувањето на мадридските научници беше првото што конкретно ги разгледа најсмртоносните тумори.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Здравје

Знаци по кои може да се препознае дислексија кај децата

Read more

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Read more

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Read more

Мастурбирањето го намалува ризикот од рак на простата

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Рецепт на денот: Потпечено бело месо со карфиол

Читај повеќе

Знаци по кои може да се препознае дислексија кај децата

Читај повеќе
  • filter

Намирници што може да се јадат неограничено без ризик од дебелеење

Читај повеќе

Почина Пол Остер, авторот на познатата The New York Trilogy

Читај повеќе

Изгубени во преводот

Читај повеќе
  • play_arrow

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Читај повеќе

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Читај повеќе

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Читај повеќе

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Читај повеќе