Опра: Други коментирале за бојата на кожа, не кралицата

Водителката Опра Винфри денеска даде нова изјава во која ги појаснува работите околу тоа кој коментирал за можната боја на детето на Хари и Меган, што предизвика бурни реакции во јавноста синоќа.

Во вчерашното гостување во „The Oprah Show“ принцот Хари и неговата сопруга Меган предизвикаа лавина реакции откако Меган се жалеше на нејзиниот третман во кралското семејство, а врвот беше изјавата дека членови на палатата „изразија загриженост за тоа колку ќе му биде темна кожата на бебето кога ќе се роди“.

Тие не открија кои личности изразиле таква загриженост, но денеска Опра во гостувањето на емисијата „This Morning“ во CBS кај нејзината пријателка Гејл Кинг откри некои работи кои не беа во нејзината емисија. По емисијата, принцот Хари ѝ кажал само кои личности не биле дел од коментарите за бојата на кожата.

„Не ми го откри нивниот идентитет, но сакаше да биде сигурен дека знам, и, ако имам можност да кажам дека неговата баба, ниту пак неговиот дедо биле дел од тие разговори“, појасни таа. Тоа значи дека кралицата Елизабета и нејзиниот соприг Филип не биле расистите.

„И пред камера и зад камерата пробав да извлечам одговори од него кои биле тие луше, но не сакаше да каже. Само сакаше да знам дека не биле баба му и дедо му“, додаде таа.

URL

Принцот Хари во емисијата на Опра рече: „Никогаш нема да кажам, но тогаш беше чудно и се шокирав. Тоа беше на почетокот: 'Како ли ќе изгледа детето?'“.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Живот

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Зошто не треба да ги фрлате стеблата од пиперка?

Read more

Како да ги научите децата да читаат повеќе?

Read more

Како да се справите со колеги кои се многу бучни на работното место?

Read more
 

Магазин

Почина Пол Остер, авторот на познатата The New York Trilogy

Читај повеќе

Изгубени во преводот

Читај повеќе
  • play_arrow

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Читај повеќе

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Читај повеќе

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Читај повеќе

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Читај повеќе

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Читај повеќе

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Читај повеќе

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Читај повеќе