Општина Аеродром почна да субвенционира купување нови велосипеди

Општина Аеродром по повод Светскиот ден на велосипедoт, објави оглас во кој ги повикува граѓаните да аплицираат за субвенции за велосипеди, а јавниот повик почна од вчера, 2 јуни, и ќе трае до 1 јули 2021 година.

Повикот ќе се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“, а едно лице може да поднесе едно барање за добивање надоместок за еден велосипед. Секој полнолетен жител на Општина Аеродром што купил велосипед во тековната 2021 година, најдоцна до денот на траење на јавниот повик, заклучно со 1 јули, може да достави барање за поврат на средствата во износ од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари со вклучен персонален данок на доход.

„Целта на овој проект е да ги поттикнеме граѓаните што помасовно да го користат велосипедот како превозно средство, што ќе овозможи да се растовари сообраќајниот метеж, но и да се придонесе за почист воздух и поздрава животна средина“, изјави градоначалникот Златко Марин.

Потребни документи за аплицирање се:

1. Барање за надоместок (барањето може да се подигне во архивата на Општината или да се обезбеди од веб-страницата на Општината;

2. Фотокопија од лична карта или пасош како доказ за жителство во Општина Аеродром;

3. Фотокопија од трансакциска сметка на барателот;

4. Оригинална фискална сметка или фактура со извод од деловна банка, издадена во РСМ, со датум од тековната 2021 година како доказ дека е извршено купување велосипед;

5. Изјава (изјавата може да се подигне во Општина Аеродром или од веб-страницата на Општина Аеродром) со која барателот под полна материјална и кривична одговорност ќе потврди дека нема добиено субвенции од друга институција.

Документацијата се поднесува во архивата на Општина Аеродром во затворен плик со намена за „Јавен повик за субвенции за купување велосипеди“ со назнака НЕ ОТВОРАЈ.

реклама

Македонија

Апасиев: Ја пасокизиравме СДС, го преполовивме проектот на Максо

Read more

Касами слави во Тетово: Од утре почнуваат преговори за нова влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ВЛЕН

Read more

Ковачевски му честита на Мицкоски: Резултатот е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Read more

Силјановска: Ќе бидам претседателка на сите граѓани, не е време за поделби и триумфализам

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Апасиев: Ја пасокизиравме СДС, го преполовивме проектот на Максо

Читај повеќе

Касами слави во Тетово: Од утре почнуваат преговори за нова влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ВЛЕН

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски му честита на Мицкоски: Резултатот е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Читај повеќе
  • play_arrow

Силјановска: Ќе бидам претседателка на сите граѓани, не е време за поделби и триумфализам

Читај повеќе

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Читај повеќе
  • play_arrow

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Читај повеќе

Меџити: Али Ахмети од денеска е најголемиот политички губитник

Читај повеќе

На 51% пребројани гласови Силјановска води 136 илјади пред Пендаровски

Читај повеќе
  • play_arrow

Левица обвини за нерегуларности кои сериозно го нарушуваат демократскиот процес

Читај повеќе