Општина Карпош дава субвенции за нови велосипеди и електрични тротинети

Традиционално и оваа година, локалната самоуправа објави Јавен оглас за одобрување на субвенции за жителите на општина Карпош, за купување на нови велосипеди и електрични тротинети, започнувајќи од среда (07.02.2024 година).

За оваа намена, Општината од својот буџет одвои финансиски средства во висина од 850.000 денари, а акцијата ќе трае до исцрпување на средствата функционирајќи според принципот „прв дојден, прв услужен“.

Притоа, се предвидува субвенционирање до 30% од цената на купување на нов велосипед, или во максимален паричен износ најмногу до 4.500 денари, додека пак за купување на нов електричен тротинет, Општина Карпош ќе субвенционира до 30% од цената, односно најмногу до 6.000 денари. Право на субвенционирање во оваа акција ќе има секој полнолетен жител на општина Карпош, кој ќе купи нов велосипед или електричен тротинет започнувајќи од 07.02.2024 година (среда).

Потребни документи за субвенционирање на велосипеди и електрични тротинети се:

– Барање за субвенција за купување на нов велосипед или електричен тротинет;

– Изјава за согласност за обработка на лични податоци;

– Лична карта (фотокопија);

– Трансакциска сметка, (фотокопија);

– Фискална сметка за купен велосипед или електричен тротинет, кој е купен не порано од 07.02.2024 година (среда).

Жителите кои веќе оствариле право на субвенција во тековната година и добиле средства по истата од Град Скопје, немаат право да учествуваат по огласот. Барањата со комплетната документација, заинтересираните странки треба да ги доставуваат до Архивата на Општина Карпош (барака бр. 2).

По поднесувањето на документите, подносителите во писмена форма ќе бидат известени дали ќе бидат корисници на предвидените средства за субвенција за купување на нов велосипед или електричен тротинет. Исплатата на средствата, согласно законските прописи ќе се изврши по завршувањето на изборниот процес. За сите дополнителни информации, граѓаните можат да се обратат кај координаторот на проектот, Марко Петрушевски, на телефонскиот број: 078/486-063.

реклама

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

Финансиски хороскоп до 19 мај: Кои датуми ќе бидат критични?

Read more

Ужина за здрави црева, по препорака на гастроентеролог

Read more

Македонија

Беќаровски обвинуван за навреди на национална основа врз Албанците, најави тужба

Read more

Променливо облачно и врнежливо време со ретки грмежи

Read more

На Токсикологија разрешен Петровски, но не и Илјази, од која се жалеа вработените

Read more

Јакимовски обвини дека им се украдени повеќе од 600 гласа

Read more
 

Вести

Беќаровски обвинуван за навреди на национална основа врз Албанците, најави тужба

Читај повеќе

Лавров: Ќе се бориме против исламофобијата и русофобијата во светот

Читај повеќе
  • play_arrow

Пијан возач предизвика сообраќајка со 8 мртви и 40 повредени

Читај повеќе

Француските затворски чувари протестираат по убиството на двајца колеги

Читај повеќе

Зеленски го откажа патувањето во Шпанија и Португалија поради руската офанзива

Читај повеќе

Запален автомобилот на директорот на затворот ,,Идризово“

Читај повеќе

Каков нов симбол се појави на руските тенкови?

Читај повеќе

ЕУ ќе распореди пожарникари на потенцијалните места за шумски пожари

Читај повеќе

Волстрит расте, но инфлацијата не стивнува

Читај повеќе