Орбан: Поддржавме санкции против Русија, но ќе ја платиме цената за тоа

Унгарија ги поддржа санкциите на Европската Унија против Русија, но нејзината сопствена економија неизбежно ќе биде погодена од нив, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан за државното радио.

– Санкциите имаат цена бидејќи тоа е меч со две острици и таа цена ќе ја платиме на краток рок, рече Орбан во интервјуто, додавајќи дека Владата во Будимпешта мора да работи на ублажување на директната штета од мерките против Русија.

Тој оцени дека првиот удар за унгарската економија е затворањето на Сбербанк во Европа на почетокот на оваа недела, при што многу клиенти, вклучително и компании, загубија пари.

Народната банка на Унгарија ја одзеде дозволата за работа на Сбербанк откако Европската централна банка нареди затворање на нејзината европска матична компанија.

Депозитите на клиентите во вредност до 100.000 евра ќе бидат вратени од Националниот фонд за осигурување на депозити.

Орбан, исто така, рече дека зголемувањето на цените на енергијата ширум Европа ќе поттикне дополнителни инфлациски притисоци што централната банка и владата ќе мора да ги издржат.

Во врска со украинските бегалци, тој истакна дека Унгарија може да им понуди сместување и да ги плати трошоците за три месеци, колку што добиваат невработените кои бараат работа во Унгарија.

– Потоа би морале да се вработат и некако да се вклопат во животот во Унгарија, заклучи Орбан. 

реклама

Кинески научници создадоа нов смртоносен вирус

Read more

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Read more

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

Атентаторот на Фицо: Пукав зошто не се согласувам со политиката на владата

Read more

Свет

Атентаторот на Фицо: Пукав зошто не се согласувам со политиката на владата

Read more

Трамп ја прифати поканата на Бајден за телевизиска дебата

Read more

Први снимки по обидот за убиство врз премиерот на Словачка

Read more

Путин објасни зошто пропаднале мировните преговори со Украина

Read more
 

Вести

Жена физички нападната од возачот на автобус на ЈСП

Читај повеќе
  • play_arrow

Атентаторот на Фицо: Пукав зошто не се согласувам со политиката на владата

Читај повеќе

Трамп ја прифати поканата на Бајден за телевизиска дебата

Читај повеќе

Се очекува промена во Законот за семејство по пресудата за Митровска која ги бараше биолошките родители

Читај повеќе
  • play_arrow

Први снимки по обидот за убиство врз премиерот на Словачка

Читај повеќе

Путин објасни зошто пропаднале мировните преговори со Украина

Читај повеќе

Грчки пратеник го искина Преспанскиот договор од говорницата во собранието

Читај повеќе

Атентат врз премиерот на Словачка, се бори за живот

Читај повеќе

Која е цената што Си Ѓинпинг е подготвен да ја плати за војната на Путин?

Читај повеќе