Оригиналната Angry Birds игрица заминува од Google Play Store

Помалку од година дена откако ја врати, Rovio одлучи оригиналната игрица Angry Birds сепак да ја прати во историјата.

За потегот да ја повлече оригиналната игрица Angry Birds од Google Play Store, кој несомнено ќе биде дочекан со големо негодување, финскиот девелопер на игрици објави преку својот Twitter профил.

Сигурно многумина би го разбрале ваквиот потег доколку во прашање беше техничка природа. Меѓутоа, според објавените истражувања се чини дека оригиналната игрица им го зема профитот на новите наслови.

„Го разгледавме деловниот случај за 'Rovio Classics: Angry Birds' и поради влијанието на игрицата врз нашето пошироко портфолио, решивме да ја отстраниме од Google Play Store од четврток, 23 февруари“, се вели во соопштението на компанијата. Бидејќи игрицата повеќе нема да биде достапна за преземање, корисниците ќе можат да продолжат да ја играат ако веќе ја имаат на својот уред, но ако ја избришат или сменат уред, се плашиме дека тоа ќе биде крај - можеби ќе среќаваме дури и телефони со инсталирана игрица што се продаваат на огласи, слично на сензацијата „Flappy Bird“.

Доколку користите iPhone, добрата вест е што оваа одлука не се однесува и на вас. Компанијата соопшти дека на App Store игрицата ќе ја преименува во „Red's First Flight“, како и дека за повлекувањето на истата од iOS платформата ќе се размислува во иднина.

Оригиналната „Angry Birds“ игрица свцоето деби го имаше на iPhone уредите во декември 2009 година, а до октомври 2010, кога беше лансирана и за уредите со Android, беше продадена во дури 12 милиони примероци. Ова не е прв пат Rovio да ја повлекува игрицата од продавницата за апликации - прв пат тоа го направи во април 2019, а на барање на фановите во март 2022 ја врати под името „Rovio Classics: Angry Birds“.

Тагови
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Гејминг

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Read more

Игрицата EA FC ја губи лиценцата за Интер во следното издание

Read more

Нов гејмерски рекорд: Продадени 12 милиони игри за 12 недели

Read more

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Read more
 

Гик

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Читај повеќе
  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе