Ослободeниот руски трговец со оружје се приклучи на руската националистичка партија ЛДПР

Виктор Бут, рускиот трговец со оружје, кој беше ослободен во четвртокот по 14 години во американски затвор во рамки на размената за американската кошаркарка Бритни Грајнер, се приклучи на руската ултранационалистичка Либерално-демократска партија (ЛДПР), објави денеска нејзиниот лидер.

Во видеото објавено на Telegram, лидерот на ЛДПР Леонид Слуцки, стоејќи на сцената до Бут, рече дека сака да му се заблагодари „за одлуката што ја донесе“ и му посака добредојде во „најдобрата политичка партија во денешна Русија“.

И покрај нејзиното име, ЛДПР од своето основање во 1991 година се залага за тврдокорна, ултранационалистичка идеологија и освојување на поранешните советски републики. Основана е од Владимир Жириновски, екстремен националист кој ветуваше полициска држава, смртна казна и укинување на демократијата во неговите неуспешни претседателски кампањи. Жириновски почина во април годинава.

Наречен „трговец со смрт“ и „пробивач на санкции“ поради неговата способност да ги заобиколи ембаргата за продажба на оружје, Бут беше еден од најбараните криминалци во светот до неговото апсење во 2008 година. Бут (55) продавал оружје на автократски држави, диктатори и бунтовнички групи во Африка, Азија и Јужна Америка.

Роден е во 1967 година во Душанбе, главниот град на тогашниот советски Таџикистан. Според јужноафриканските и британските разузнавачки информации, тој е етнички Украинец. Неговиот талент за јазици - зборува англиски, француски, португалски, арапски и фарси - му помогна да изгради меѓународна империја за продажба на оружје. Служел во советската армија каде, според него, го стекнал чинот поручник, а како воен преведувач служел во Ангола, земја која подоцна ќе стане клучна за неговиот бизнис.

Тој беше уапсен во 2008 година во операција на американските власти, во луксузен хотел во Бангкок (Тајланд), додека се согласувал да продава оружје на американски агенти кои се претставувале како членови на колумбиската левичарска герилска група ФАРК. Беше осуден на 25 години затвор во судот на Менхетен во 2012 година и оттогаш руските власти се обидуваат да го вратат во земјата.

Се врати во Русија како дел од размената на заробеници меѓу Москва и Вашингтон, и беше разменет за кошаркарката Бритни Грајнер. Таа беше уапсена на 17 февруари на аеродромот „Шереметјево“ во Москва и осудена на 9 и пол години затвор поради поседување помалку од грам масло од канабис.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Read more

САД воведоа нови санкции кон Русија

Read more

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе