Осма секунда, празна мрежа: Гол каков што никој досега не видел

Необични голови гледаме речиси секој викенд, но она што се случи во Холандија веруваме дека никогаш досега не сме го виделе.

На натпреварот помеѓу Фејнорд и Ден Хах (холандски Den Haag со правилен изговор Ден Хах - МФА: dɛn ˈɦaːx) во младинската лига за играчи до 21 година публиката виде гол по само 8 секунди игра. Не е прв пат да биде постигнат гол толку брзо, но начинот на кој беше постигнат е навистина бизарен.

Комичната ситуација се случи веднаш по изведувањето на почетниот удар од центарот. Топката дојде назад до голманот, но чуварот на мрежата на Ден Хах не се наоѓаше пред својот гол, туку едно 25 метри подалеку.

Несреќниот голман толку несмасно ја прими топката, како вистински почетник, што таа како да се одби од него и излезе како подарок за залетаниот противнички играч Нестро Хрун, кој потоа излезе на празна мрежа и го постигна еден од најлесните голови во фудбалскиот свет.

URL

Играчите на Ден Хах изведоа почетен удар со што сите тргнаа во напад, а тактиклата беше голманот да ја исфрли топката кон домашниот шестнаесетник со цел да се обидат веднаш да се заканат кон голот на Фејнорд. Наместо тоа, тие беа оние кои од практично никаква закана мораа уште во истата минута по втор пат да тргнат од центарот.

реклама

Фудбал

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Read more

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе