Османи: Железната врата на ЕУ е отворена, усвојувањето на уставните измени веднаш по изборите е неопходно

Кандидатот за претседател на Европскиот фронт, Бујар Османи, рече дека е важно да се искористи моментот за можноста Северна Македонија да исчекори кон полноправното членство во Европската Унија.

На денешната јавна дебата на тема „Членството на Северна Македонија во ЕУ до 2030 година“, Османи рече дека железната врата на Унијата е отворена, а неопходно е земјата да ги усвои уставните измени што побрзо.

„Сега е отворена повторно железната врата на Европската Унија со руската агресија во Украина и ќе трае привремено и ќе се затвори повторно. Првата знаци на ЕУ дека таа железна врата е отворена е со почетокот на преговорите за Северна Македонија и Албанија, со Планот за раст којшто вчера го договори Европскиот парламент за 2 милјарди во наредните месеци за Западен Балкан и 4 милјарди грант. Оттука, ние немаме алтернатива освен уставни измени веднаш по изборите, пред формирање на Влада, отворање на поглавја и затворање на поглавјето до 2028 година, бидејќи ние сме стигнати до 50% од европското аки, нас уште пола пат работа нѐ очекува“, рече Османи.

Османи се залага дека како претседател на државата ќе ја реализира амбицијата за полноправно членство до 2030 година, промовирајќи го во меѓувреме концептот Повеќе интеграција пред членството, со цел граѓаните веднаш да почнат да ги почувствуваат придобивките од фондовите на ЕУ.

„Тоа можеме да го направиме за 4 години, бидејќи покажавме за време на скринингот дека ги имаме тие капацитети. Ни треба само државен консензус. Консензусот може да го постигне авторитет како претседателот на државата. И потоа оставам 1-2 години за процесот на ратификација во земјите-членки на ЕУ и седнување на маса, рамноправни со сите земји-членки до 2030 година“, заклучи Османи.

На панелот со кандидатот за претседател од Европскиот фронт учествуваа и заменик-главниот преговарач со ЕУ и државен секретар во Секретаријатот за европски прашања, Дрита Абдиу-Халили, и Арбр Адеми, претседател на пратеничката група на ДУИ.

„Со Скринингот докажавме дека имаме административен капацитет да ги придвижиме овие процеси напред. Сепак, тоа е политичкиот момент каде што застанавме и за ова можам да кажам дека ни требаат политичари и лидери, кои, пред сѐ, ги разбираат овие процеси и второ, знаат колку е важен консензусот, бидејќи продолжувањето на усогласувањето на законодавството бара 2/3 во повеќето случаи и за ова ни треба некој кој го разбира процесот и може да го обезбеди овој консензус. Нашиот кандидат е најдобар за оваа работа и многу добар познавач на сите процеси, бидејќи процесот на интеграција во ЕУ е сериозно многу тежок, многу долг и бара многу експертиза“, рече Абдиу-Халили.

„Одредени политички партии наоѓаат терен да развијат националистички дискурс и реторика, не за доброто на државата, не за перспективата на граѓаните, туку за акумулирање ниски политички поени преку искористување на незадоволството што со право постои кај граѓаните затоа што сме биле во овој процес многу долго… Овие избори се референдум за оние што всушност не само што сакаат туку и знаат да ја однесат државата онаму каде што треба – во европското семејство“, рече, меѓу другото, Адеми.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе