Осуден единствениот криминалец хакиран од Facebook

Американскиот суд го осуди Бастер Ернандес на 75 години затвор, познат како Brian Kill, злоставувач кој преку Facebook контактирал малолетнички и им барал разголени фотографии.

Вработените во Facebook го сметаат за „најлошиот криминалец“ кој ја користел нивната платформа. Тој преку Facebook контактирал малолетни жртви чија доверба ја злоупотребувал, барал од нив да му праќаат голи фотографии и видеа, а потоа со нив ги уценувал, им се заканувал со смрт, силување, закани дека ќе ги убие нивните најблиски, дека ќе фрли бомби во училиштата во кои одат и слично.

Неговото злоставување траело најмалку 3 години, а на жртвите им зборувал дека сака да стане „најлошиот сајбер терорист во светот. За да се заштити од полицијата користел комбинација од приватен оперативен систем и успешно ја маскирал IP адресата.

Беше фатен во 2017 година и тоа на необичен начин. Освен што ФБИ прими повеќе пријави за него, во лов на 29-годишниот Ернандес се вклучи и Facebook кој изнајми и плати услуги од компанија за сајбер безбедност, по што тој беше хакиран.

Преку посредник Facebook ги извести ФБИ за безбедносен пропуст во видео плејер, а тие таа информација ја искористија и му испратија видео со посебен код, за кое тој мислеше дека го испраќа една од жртвите. На тој начин, се дозна неговата IP адреса.

По апсењето и кога се дозна улогата на Facebook во сето тоа, од компанијата тврдеа дека тоа е единствениот пат во историјата да учествуваат во хакирање на свој корисник.

Ернандес користел софистицирани методи за да го сокрие идентитетот, па морало да бидат преземени несекојдневни мерки за да се заштитат жртвите.

Ернандес злоставувал или се обидел да злоставува 375 малолетници.

URL
Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Вести

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Read more

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе