Осудениот Дани Алвес за три месеци може да биде слободен човек

Дани Алвес (40), еден од најтрофејните фудбалери во историјата, беше осуден на 4 и пол години затвор за силување. Судот во Барселона пресуди дека на 30 декември 2022 година силувал 23-годишна жена во ВИП делот на ноќен клуб во Барселона. Судењето на поранешниот фудбалер заврши на 7 февруари годинава, а 15 дена подоцна Бразилецот ја дозна пресудата.

Обвинителството побара затворска казна од 9 до максимум 12 години. Адвокатите на Алвес го бранеа со фактот дека бил пијан. Сега имаат право да поднесат жалба, што значи дека случајот сѐ уште не е затворен, а фудбалерот останува во затвор.

Кауцијата беше одбиена поради стравувањата дека ќе побегне во Бразил, кој не ги екстрадира своите граѓани осудени на затвор во други земји. Бразилските медиуми по пресудата објавија дека Нејмар, неговиот поранешен соиграч и голем пријател, имал клучна улога во намалувањето на казната.

Казната е намалена бидејќи била применета олеснителна околност на штета, со оглед на тоа што на оштетената пред судењето ѝ биле исплатени 150.000 евра. Тие пари ги дал Нејмар.

Но, шпанските медиуми откриваат дека ова не е единствената голема помош за Дани Алвес. Втората е одредба од шпанскиот Кривичен законик. Алвес е во притвор од 20 јануари 2023 година. Тоа значи дека таму поминале 1 година, 1 месец и 5 дена.

Тоа време се смета во издржување на казната на која е осуден. Ова значи дека Алвес и покрај тоа што пред само три дена беше осуден на 4 и пол години затвор за тешко кривично дело, веќе во мај годинава може да биде на слобода.

Имено, според споменатиот закон, по отслужување на една третина од казната, која ќе биде за неполни три месеци, може да побара предвремено ослободување. Ако судот не му го одобри тоа, тој може да добие значително ублажување на казната, односно преку ден да биде на слобода, а да преспива во затворот, или пак да мора да поминува 8 часа дневно зад решетки.

Во корист на Алвес оди уште една одредба од Кривичниот закон, која вели Шпанија ги депортира странците осудени на затворска казна помала од 5 години, откако одредено време ќе поминат во притвор или затвор.

Тагови
реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Фудбал

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Read more

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more
 

Спорт

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе
  • filter

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Читај повеќе

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе