Откриен чуден спирален објект кој се врти околу центарот на нашата галаксија

Астрономите ѕирнаа во центарот на Млечниот Пат и открија нешто што изгледа како минијатурна спирална галаксија која се врти околу една голема ѕвезда.

Ѕвездата, оддалечена околу 26.000 светлосни години од Земјата и се наоѓа во близина на густиот и правлив галактички центар, е околу 32 пати помасивна од Сонцето и се наоѓа во огромен диск со вртлив гас, познат како „протоѕвезден диск“.

Такви дискови наоѓаме насекаде во универзумот и тие служат како гориво со кое младите ѕвезди еден ден, по милиони години, можат да прераснат во големи, светли сонца.

Но, астрономите никогаш порано не виделе толку чуден диск - минијатурна галаксија која орбитира опасно блиску до центарот на Млечниот Пат.

Како е создаден овој спирален објект?

Решението на мистеријата би можело да се најде во самиот спирален објект, кој е приближно три пати помасивен од Сонцето, пишува Live Science.

Користејќи го телескопот Atacama Large Millimeter/submillimeter Array (ALMA) во Чиле, научниците открија дека дискот не се движи на начин што би создал спирален облик. Наместо тоа, напишаа тие, се чини дека дискот буквално се распукал откако се судрил со друго тело - веројатно мистериозен објект со големина на тројно сонце, сè уште видлив во неговата близина.

За да ја тестира оваа хипотеза, тимот пресметал десетина потенцијални орбити за мистериозниот објект, а потоа извршил симулација за да види дали некоја од тие орбити може да го доближи објектот доволно блиску до протоѕвездениот диск за да го изврти во спирална форма.

Тие откриле дека ако објектот следи одредена патека, тој би можел да прелета покрај дискот пред околу 12.000 години, пореметувајќи ја неговата прашина доволно за да ја формира спиралната форма што ја гледаме денес.

Центарот на нашата галаксија можеби е полн со минијатурни спирали

„Договорот помеѓу аналитичките пресметки, нумеричките симулации и набљудувањата на АЛМА обезбедува силен доказ дека спиралните краци на дискот се остатоци од прелетување на друг објект“, рече астрономот Лу Ксинг од Шангајската астрономска опсерваторија.

Покрај обезбедувањето на првите директни слики од протоѕвезден диск во галактичкиот центар, оваа студија покажува дека надворешните објекти можат да ги свиткаат ѕвездените дискови во спирални форми кои вообичаено се гледаат само во галаксиите.

„Бидејќи во центарот на Млечниот Пат има многу повеќе ѕвезди отколку во краците, веројатно е дека овие сценарија се случуваат доста редовно во галактичкиот центар. Тоа значи дека центарот на нашата галаксија можеби е полн со минијатурни спирали“, рекоа научниците.

Илустрацијата на насловот ја прикажува историјата на акрециониот диск и дојдовниот објект. Трите дијаграми кои почнуваат од долниот лев агол се снимки од нумеричка симулација, што го прикажува системот во моментот на судирот, 4000 и 8000 години подоцна. Горната десна слика, што ја сними ALMA, покажува диск со спирали и два објекти кои орбитираат околу него, што одговара на тоа како би изгледал системот 12.000 години по судирот.

Истражувањето A massive Keplerian protostellar disk with flyby-induced spirals in the Central Molecular Zone беше објавено во списанието Nature Astronomy.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Наука

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Read more

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

НАСА: Упс!

Read more
 

Гик

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе