Откриена најопасната причина за развој на Алцхајмер

Во текот на минатата деценија, најголем фактор за зголемениот ризик од развој на Алцхајмерова болест стана дебелината во средни години.

Во 2011 година, најистакнатиот фактор што доведува до зголемен ризик од развој на Алцхајмер беше физичката неактивност, а потоа депресијата и пушењето цигари.

Но, според скорешна анализа, дебелината се истакнува како најчеста причина за развој на оваа болест, пренесе Science Alert.

Денес, Алцхајмеровата болест е најчестиот облик на деменција. И покрај бројните истражувања, никој не знае како болеста почнува или се запира нејзиното прогресирање.

Истражувањата сугерираат дека најголемо влијание има генетиката, но и бројни фактори од околината можат да придонесат за болести, вклучително и лошата исхрана, високиот крвен притисок, депресијата, пушењето и инфекција на непцата.

Добрата вест е што со овие факти пациентите и докторите можат да управуваат за да го намалат ризикот од болеста. ш вест е дека влијанието на овие фактори постојано се менува и варира.

Во најновата анализа во САД, губењето на слухот е додаден како променлив фактор ризик за Алцхајмер, иако претходно не е земен во обѕир во процените.

Процентот на дебелина во средните години е двојно зголемен во САД од 2010 година. Студија од 2020 година има докази дека прекумерната телесна тежина може да го направи невралното ткиво ранливо на оштетување на мозокот или губење на клетки. Изгледа дека тие промени се случуваат и во делови на мозокот кои се тесно поврзани со сеќавањата.

Тоа не значи дека дебелината во средни години е директна причина за Алцхајмер, но сугерира дека одржувањето на здрава телесна тежина може да ги намали шансите за развој, барем до одредена мера.

Случаите со Алцхајмер поврзани со овие променливи ризик фактори биле почести меѓу мажите отколку кај жените.

реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Read more

Здравје

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Read more

Што треба да јадете за да имате подобар секс?

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Нутриционистите споделија листа со најздравите зеленчуци

Read more
 

Магазин

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Читај повеќе

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Читај повеќе

Корисни утрински навики што родителите треба да ги воведат во рутината на децата

Читај повеќе

Пет клучни знаци на аутизам кај децата, според терапевт

Читај повеќе

Што треба да јадете за да имате подобар секс?

Читај повеќе

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да се ослободите од салото на грбот до лето?

Читај повеќе

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Читај повеќе

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Читај повеќе