Откриена нова планета – што знаеме за неа досега?

Откриена е вонсоларна планета која орбитира околу црвена џуџеста ѕвезда, објавија научниците.

Небесното тело наречено GJ 367 b е карпеста планета со мала маса со радиус од 72 проценти од радиусот на Земјата и маса што одговара на 55 проценти од масата на Земјата.

Астрономите велат дека е „една од најлесните меѓу речиси 5.000 егзопланети познати денес“.

Меѓународен тим на научници предводен од Институтот за планетарни истражувања при Германскиот центар за воздухопловство (DLR) дошол до тоа откритие.

Астрономот Силард Цизмадија рече дека нејзината „висока густина укажува дека со планетата доминира нејзиното железно јадро“.

На планетата GJ 367 b, која е оддалечена нешто помалку од 31 светлосна година од Земјата, ѝ требаат околу осум часа за да ја заврши орбитата околу својата ѕвезда, црвено џуџе наречено GJ 367 кое по големина е само околу половина од Сонцето.

Температура од околу 1500 степени Целзиусови

Планетата орбитира многу блиску до црвената џуџеста ѕвезда која е помала, постудена и помалку светла од нашето Сонце - дури 99 проценти поблиску до растојанието на Земјата од Сонцето, според Цизмадија.

„Се чини дека има сличности со Меркур“, вели Кристине Лам од DLR, која го предводеше меѓународниот тим со Цизмадија.

Тоа ја сместува меѓу планетите помали од Земјата и ги доближува истражувањата еден чекор поблиску до потрагата по „друга Земја“.

Планетата, сепак, не може да се смета за „втора Земја“ поради многу високите нивоа на радијација на кои е изложена, кои се „повеќе од 500 пати посилни од зрачењето на кое е изложена Земјата“, рече Цизмадија.

Температурата на површината би можела да достигне 1.500 степени Целзиусови - тоа е температурата на која би се стопиле сите карпи и метали.

Четврт век по откривањето на првите егзопланети, научниците се свртеа кон нивната попрецизна анализа за да добијат подлабоко разбирање за нивната разновидност, од големи гасни џинови слични на Јупитер до помали карпести планети слични на Земјата каде што животот би можел да опстои.

Откритието беше објавено вчера во научното списание Science.

реклама
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Наука

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Read more

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Read more

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Read more

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе