Откриени нови слики за iPhone 14: Notch конечно заминува, но не изгледа како што се мислеше

Според последните информации, отворите на горниот дел од екранот би можеле да бидат многу поголеми отколку што првично се мислеше, па некои упатени дури тврдат дека ќе беше подобро да останеше notch.

На многу начини, iPhone е пред своите конкуренти со Android, но истото не може да се каже за екранот, кој сепак има голем notch за камерата - се чини дека тоа ќе се промени, дури и со iPhone 14.

Новитетите главно првпат се гледаат на премиум моделите на телефоните на Apple, но компанијата наводно одлучила со серијата iPhone 14 сите промени да се применат на целокупната линија на производи.

Една од промените за која се зборува веќе некое време е поврзана со засекот (notch) на дисплејот, кој на iPhone пристигна во 2017 година, бидејќи од јануари може да се слушне дека ќе биде заменет со една кружна и една дупка во форма на пилула во горниот дел на екранот - како кај Android телефоните.

Преминот од iPhone 12 на iPhone 13 донесе 20% помал notch за камерата и инфрацрвениот сензор, но дел од екранот околу него и натаму остана неискористен. Apple го претстави notch како концепт со моделот iPhone X, кој го отфрли физичкиот клуч и отклучувањето со отпечаток од прст, што беше заменето со препознавање лице.

Според последните информации, новите отвори би можеле да бидат многу поголеми отколку што првично се мислеше, а некои упатени дури тврдат дека ќе беше подобро доколку notch останеше.

Отворот во форма на пилула е резервиран за селфи камерата, а компонентата Face ID треба да биде поставена во кружниот тек. Рендерите засновани на првите гласини, како што сега се тврди, не ја покажале вистинската големина на отворот. Новите слики се појавија на кинеската социјална мрежа Weibo и може да се види дека отворите не се толку суптилни како што се мислеше, па изгледа дека Apple штотуку ги отстранил рабовите што го опкружуваа notch на претходните модели.

Се истакнува дека речиси никој не очекуваше екранот на новиот модел на iPhone 14 да личи на телефонот Samsung Galaxy S22, но новите рендери го наметнуваат прашањето зошто воопшто е отстранет notch. Некои тврдат дека новите информации се само уште една „објава на социјалните мрежи“, но проверените упатени велат дека доаѓаат од сигурни извори.

Погледнете го видеото:

Remote video URL

На некои сигурно ќе им се допаднат новите решенија за iPhone 14, бидејќи отворите нема да зафаќаат ист простор како засекот. Други претпочитаат да се концентрираат на фактот дека новиот телефон на Apple доаѓа со чип A16 Bionic, посилна батерија и 8 GB RAM (iPhone 13 Pro и Pro Max имаат 6 GB).

Тагови
реклама
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Мобилни

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Read more

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Read more

Samsung повторно е најголем производител на смартфони во светот

Read more

Apple ќе овозможи поправка на iPhone со користење на користени делови

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе