Отворање на изложба Кобалт Синергија во МКЦ

Во изложбениот простор Галерија МКЦ, на 23 февруари, петок, со почеток во 20:00 часот ќе биде отворена ликовна изложба со наслов „Кобалт Синергија“.

На изложбата ќе бидат изложени 25 ликовни дела од ликовниот уметник Венко Цветков, ќе има проекција на видео ролна и две видео арт остварувања на учесникот во проектот, Симон Гегај. Во содржината на видео ролните се и концептциските обзервации, во вид на записи на третиот учесник во проектот, г-ѓа Корнелија Буклеска.

За изложените ликовни дела критички осврт ќе има проф. Владимир Величковски. За концептот на проектот „Кобалт Синергија“ новинарката и главен уредник на редакцијата за култура и уметност при Радио Скопје ќе каже: „Ова е приказна за кобалтот (како елемент и како боја) како и она за синергијата, па така и оваа нивна заедничка, е вечната вистина за животот кој не опстојува во праволиниско течение“.

Корнелија Буклеска, родена 1961 година во Скопје, дипломирала на катедрата за интердисциплинарни студии по журналистика при УКИМ. Уредник е во Редакцијата за култура и уметност на Радио Скопје.

Венко Цветков, роден 1955 година во Штип, академија за ликовни уметности завршил во Љубљана 1984 година. Живее и работи во Скопје.

Симон Гегај, роден 2005 година во Скопје, ученик во IV година во државното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ во Скопје, на отсекот мултимедиа.

Изложбата ќе трае до 3 март.

Тагови
реклама

Култура

Православните верници го слават Велигден

Read more

Празнично ретро шоу на олдтајмери во Крива Паланка

Read more

Вердиевата спектакуларна опера Трубадур на 11 мај на Мајските оперски вечери

Read more

Изложба: Четирите мајстори на модернизмот

Read more
 

Вести

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе

Православните верници го слават Велигден

Читај повеќе

Времето денеска сончево и потопло

Читај повеќе