Ова е годината на „Стела“: Македонската ѕвезда го отвора најголемиот регионален фестивал за детски филм Kids Fest

Александра Спасеска
/ 16.12.2020 / 15:01

По големиот успех во Македонија, филмот „Стела“ продолжува со интернационални успеси, покажувајќи дека ова е дефинитивно годината во која ѕвездата Стела сјајно блесна.

Најголемиот регионален фестивал за детски филмови Kids Fest ќе го отвори годинешното издание со проекција на филмот „Стела“ во режија на Стојан Вујичиќ, денеска, 16 декември, во киното „Комбанк Дворана“, што укажува на среќен почеток на уште едно издание на фестивалот.

Првиот македонски семеен детски филм ќе има бесплатна проекција на отворањето на 16. издание на фестивалот, кое оваа година е со ограничен број посетители, во согласност со епидемиолошките мерки.

Филмот во септември имаше светска премиера во рамките на Фестивалот на европски филм Синедејс 2020. Од актерската екипа, на отворањето на Kids Fest ќе присуствува Христина Поповиќ, која ја игра улогата на мајката во филмот во кој останатите улоги ги толкуваат: 13-годишниот Петар Маниќ кому ова му беше прва улога, Дејан Лилиќ, Тони Михајловски и Симеон Дамески, и секако шарпланинката Стела. Сценариото е на Ева Камчевска, кинематографијата е на Ѓорѓи Клинчаров, костимограф на филмот е Милена Миленковиќ, а снимател на звукот е Срѓан Бајски.

Според режисерот Вујичиќ, филмот „Стела“ е приказна раскажана низ тешка и сложена врска помеѓу единаесетгодишниот Никола (Маниќ) и неговата околина. По очајничкиот обид да го предизвика вниманието на неговите родители (Лилиќ и Поповиќ), Никола бега од дома.  Стела, куче шарпланинец, е единствената што може да го најде патот до неговото срце и да му ја врати вербата во животот.

„Стела е филм за вистината, една, единствена и непроменлива категорија.  Ова е филм за сите оние работи што лесно ги забораваме и што може да ни покаже дека сме вредни луѓе “, рече режисерот Вујичиќ, додавајќи дека„ Ако можам да ставам сè во една реченица - Стела е филм за надежта што сите ние треба да ја имаме.  Едноставно морав да раскажам приказна за надеж, низ нешто што јас самиот го доживеав низ мојот живот“.

Препознаен од бројни меѓународни филмски фестивали по својот визуелен стил и работа, но и теми поврзани со семејните вредности и децата, овојпат, според режисерот Вујичиќ, е изразен еден од најголемите конфликти на нашето модерно време - меѓусебно отфрлање и недоразбирање, особено во семејните односи. 

Вујичиќ е еден од водечките македонски режисери, чиј опус вклучува бројни кратки играни и документарни филмови, и телевизиски проекти. Познат е по филмовите „Брат за еден ден“, „Допир“ и „Годините го чинат своето“, прикажувани и наградени на престижни филмски фестивали.

Дрим Фектори е продукциска куќа основана од Огнен Антов во 2007 година. Во своето филмско портфолио вклучува дела на светски познати режисери како и млади режисери чие време допрва доаѓа, а кои се прикажани на најголемите фестивали во светот. Од последните остварувања на ДРИМ ФЕКТОРИ е играниот филм „ЏГАН“ во режија на Вардан Тозија, добитник на повеќе награди и учесник на преку триесетина филмски фестивали ширум светот, потоа малцинските копродукции „Ловци на вештерки“ во режија на Рашко Миљковиќ (кој својата Светска премиера ја имаше во рамките на светскиот фестивал од А категорија ТОРОНТО интернационален филмски фестивал- каде што доби награда од публиката, а до сега е прикажан на педесетина фестивали меќу кои е и САНДЕНС филмскиот фестивал основан од Роберт Редфорд), и „Височините“ во режија на Виктор Божинов.

За прв пат во Македонија филмот „Стела“ се реализира како прва ЕКО или ЗЕЛЕНА продукција. Водени од најновите светски еколошки стандарди продукцијата се труди да ја намали емисијата на штетни гасови, да го рециклира отпадот според стандарди од Американската асоцијација на филмски продуценти.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Филм & ТВ

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Read more

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Read more

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Читај повеќе
  • play_arrow

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Читај повеќе

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе