Овации за Симон Трпчески во Софија

Софиската филхармонија и светски познатиот македонски пијанист Симон Трпчески одржаа концерт во најпознатата сала за класична музика „Бугарија“, пренесе дописникот на МИА од Софија. Концертот вклучуваше тристепено дело на Лудвиг ван Бетовен за виолина, виолончело и пијано.

Заедно со Трпчески, свиреа и неговиот сонародник Александар Крапоски, виолинист од операта во Барселона и бугарскиот виолончелист Александар Сомов, кој работи во Филхармонијата во Стразбур, Франција. Концертот беше невиден успех, публиката во Софија долго време аплаудираше на Симон Трпчески и неговите колеги и музичари од Софиската филхармонија. Тој беше повикан неколку пати на бис од софиската публика.

Меѓу гостите беа министрите за култура на Северна Македонија и Бугарија д-р Ирена Стефоска и проф.Велислав Минеков, како и директорот на Културно-информативниот центар на Северна Македонија во Софија Сашко Насев и специјалниот пратеник на македонската Влада проф. Владо Бучковски. Меѓу гостите имаше многу дипломати од различни дипломатски мисии и странски културни центри во Софија.

Симон Трпчески за дописникот на МИА од Софија, изјави дека е многу задоволен од концертот со неговите колеги и дека има намера да дојде во Бугарија специјално за да го претстави музичкиот проект „Македонисимо“.

За денеска во Софија предводена е официјална средба на министрите за култура на Северна Македонија и Бугарија, д-р Ирена Стефоска и проф. Велислав Минеков. Тие ќе го разгледаат постигнатото досега, како и можнсостите за надградба на културните контакти меѓу Софија и Скопје.

Потоа, министерката Ирена Стефоска ќе го посети Културно-информативниот центар на Северна Македонија во Софија.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Култура

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Read more

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Read more

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more
 

Вести

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе