Озил: Сакам да играм за Фенербахче или во МЛС

Офанзивниот играч од средниот ред е на излезна врата од Арсенал, а прашањето е дали ќе си замине сега или на лето.

Месут Озил стави до знаење дека нема намера да оди во пензија доколку си замине од Арсенал, туку дека сака или да ги брани боите на Фенербахче или да замине во клуб од американската МЛС.

На турскиот фудбалер, кој репрезентативно настапуваше за Германија бидејќи е роден таму, му е рано за пензија. Има 32 години и сѐ уште има фудбал во него. Но, за Арсенал тој е заборавен бидејќи тренерот Микер Артета не смета на него и сезонава не му даде да одигра ниту минута. Всушност, Озул нема играно од март без разлика што е фит и спремен.

„Дефинитивно ќе играм и после Арсенал. Има две држави каде сакам да играм фудбал пред да се пензионирам: Турција и САД“, рече Озил одговарајќи на прашања на Twitter синоќа.

„Ако заминам во Турција, тоа ќе биде само во Фенербахче“, стави дознаење тој, а потоа разјасни сошто би одел само во овој клуб.

„Во Германија пораснав како навивач на Фенербахче. Секој германски Турчин навива за турски тим додека расте во Германија. А, мојот беше Фенербахче. Фенербахче е како Реам Мадрид во Шпанија. Најголемиот клуб во земјата“.

реклама

Фудбал

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Read more

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Read more
 

Спорт

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Читај повеќе

Струга пред разрешницата на сезоната се раздели со тренерот Дуро

Читај повеќе
  • play_arrow

Приказна за херојот што го сруши ПСЖ: Прекарот го добил поради забите

Читај повеќе
  • play_arrow

ФК Шкупи: Секоја недела некој ни ги краде бодовите

Читај повеќе

Подолговечен од Фергусон: Ист тренер ја води Виртус Верона 42 години

Читај повеќе