Пад на цената на нафтата

Цените на нафтата денеска паднаа под 86 долари на меѓународните пазари, бидејќи трговците се загрижени за падот на кинескиот извоз и увоз на почетокот на годината што сигнализира слаба глобална економија и потенцијално помала побарувачка за нафта.

На лондонскиот пазар цената на барелот по пладне беше пониска за 41 цент отколку на затворањето на тргувањето вчера и изнесуваше 85,77 долари. Речиси за исто толку барелот поевтини на американскиот пазар каде се тргуваше по 80,06 долари.

Трговците денеска беа вознемирени од падот на кинескиот извоз и увоз во јануари и февруари, и покрај укинувањето на строгите мерки за борба против Ковид, што сигнализира слаба странска побарувачка. Во фокусот на нафтените пазари беше првенствено падот на увозот на кинеска нафта.

„Со оглед на високата инфлација во САД и Европа, нивната побарувачка треба да продолжи да слабее, што исто така ја намалува побарувачката за преработка во Кина“, објасни Ајрис Панг од ING.

Цените денеска беа притиснати од посилниот американски долар пред сведочењето на претседателот на американската централна банка Џереми Пауел во Конгресот. Фокусот е на зголемувањето на каматните стапки за да се спречи инфлацијата и влијанието на построгите услови за финансирање врз економијата.

Посилниот долар обично ја намалува побарувачката за нафта бидејќи ја намалува куповната моќ на купувачите со други валути.

Позначителен пад на цената на нафтата беше спречен поради загриженоста за снабдување. Извршниот директор на Шеврон, Мајк Вирт, на конференција во Хјустон во понеделникот изјави дека „флексибилниот производствен капацитет е ограничен“ и дека глобалниот пазар е ранлив на потенцијални неочекувани нарушувања на снабдувањето.

„Клучна непозната во 2023 година ќе биде нарушување на извозот на руска нафта и нафтени деривати“, се вели во белешката од Комонвелт банка на Австралија, Вивек Дар.

Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) одделно објави дека во понеделник цената на барел од нафтената кошничка на нејзините членки се зголемила за 76 центи, на 84,56 долари.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Бизнис

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Read more

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Read more

Tesla и Apple помогнаа за растот на Волстрит

Read more

Зошто ЕУ сè уште купува руски гас?

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе