Пад од 51% на продажбата на автомобили во Германија

Пандемијата со коронавирусот тешко се одрази на глобалната економија, а еден од секторите кои најмногу настрадаа беше автомобилската индустрија.

Во најразвиеното европско стопанство и гигант во автомобилската индустрија, Германија, продажбата на автомобили бележи драстичен пад.

Во Германија во мај е регистриран пад на продажбата на нови автомобили од неверојатни 51,5% во однос на истиот месец лани. Според специјализираниот автомобилски сајт Focus2move, автомобилската индустрија жестоко се бори да ја преживее кризата што произлезе од пандемијата со COVID-19, а загрижуваат и проекциите кои покажуваат дека закрепнувањето ќе биде бавно.

И пазарот на електрични автомобили не поминува сјајно:

URL

Иако продажните салони во Германија се отворени од 20 април, купувачите не покажаа особен интерес. Во мај се продадени 150.597 нови автомобили, што претставува пад од 51,5% во споредба со мај, 2019 година. Падот за првите пет месеци од 2020 година вкупно е нешто помал, благодарение на солидниот почеток на годината пред да стигне епидемијата во Европа, и изнесува 35,6%.

Најголем пад во продажбата во Германија во мај забележаа BMW и SEAT – повеќе од 60% - додека од другата страна на спектарот Renault бележи пад од 35,6%.

Се поставува прашањето: ако Германија – која важи за најјакиот европски автомобилски пазар и земја со најсолидна автоиндустрија – се соочува со длабока криза во овој сектор, какви се шансите на останатите играчи?

URL
реклама

Зошто не се препорачува консумирање домати и краставици во комбинација?

Read more

Која секс поза и секс играчка се најпопуларни во Македонија?

Read more

Со што се дрогираат Македонците?

Read more

Британија се враќа во Европа: Пу, пу, не важи Брегзит

Read more

Авто новости

Кинескиот одговор на Cybertruck оди во сериско производство

Read more

Ден на автомобилска извонредност: Porsche Центар Скопје домаќин на 911 заедницата

Read more

Како настана првиот пикап на Балканот?

Read more

Камионите DAF добиваат соларни панели, наводно ќе трошат помалку гориво

Read more
 

Автомобили

  • filter

Кинескиот одговор на Cybertruck оди во сериско производство

Читај повеќе

Renault 4 се враќа во 4х4 издание

Читај повеќе
  • filter

Ден на автомобилска извонредност: Porsche Центар Скопје домаќин на 911 заедницата

Читај повеќе
  • filter

Како настана првиот пикап на Балканот?

Читај повеќе

Камионите DAF добиваат соларни панели, наводно ќе трошат помалку гориво

Читај повеќе

Електричниот Volkswagen Golf GTI ќе биде „чудовиште“

Читај повеќе
  • play_arrow

Во друштво на суперспортските автомобили сега е и De Tomaso P72

Читај повеќе

Скок во продажбата на електрични автомобили

Читај повеќе

Падна договор вреден 69 милиони евра меѓу Jeep и Јувентус

Читај повеќе